![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ad/Shaquille_O%2527Neal_in_2011.jpg/640px-Shaquille_O%2527Neal_in_2011.jpg&w=640&q=50)
Шекил О’Нил
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шекил Рашан О’Нил (роден на 6 март 1972 )[1] познат како „Шек“ е американски поранешен кошаркар кој во моментов работи како аналитичар на телевизискиот програм Inside the NBA.
Шекил О’Нил | |
---|---|
![]() | |
Прекар(и) | Шек |
Позиција | центар |
Висина | 2,16 м |
Тежина | 147 кг |
Број | 32, 34, 33, 36 |
Роден | 6 март 1972 Њуарк, Њу Џерси |
Националност | ![]() |
Факултет | ЛСУ (1989–1992) |
Драфт | 1992 / Рунда: 1 / Пик: прв overall |
Избран од ![]() | |
Проф. кариера | 1992–2011 |
Клубови | |
1992–1996 | ![]() |
1996–2004 | ![]() |
2004–2008 | ![]() |
2008–2009 | ![]() |
2009–2010 | ![]() |
2010-2011 | ![]() |
Репрезентација | |
Инфо од: 29.11.2016. |
Со висина 2.16[2] метри и тежина 147 килограми, тој е еден од најтешките играчи кои играле во НБА. Низ неговата 18 годишна кариера, О’Нил ги користеше големината и снагата за да ги совладува противниците за бодови и скокови. По пензионирањето на Линдзи Хантер на 05.03.2010, О’Нил стана најстариот активен играч во НБА.
Подоцна, по кариерата во државниот универзитет Луизијана, О’Нил беше повикан од Орландо Меџик со првото бирање во 1992 НБА драфт. Тој наскоро стана еден од главните во лигата, освојувајќи Руки на годината во 1992-93 и потоа го водеше неговиот тим до 1995 НБА финалето. После 4 години со Меџик, О’Нил потпиша како слободен играч со Лос Анџелес Лакерс. Тој освои три последователни првенства, играјќи заедно со Коби Брајант во 2000, 2001 и 2002 година. Односот помеѓу О’Нил и Брајант прерасна во непријателство, што доведе до трансфер на О’Нил во Мајами Хит во 2004 година. Тој го освои четвртото НБА првенство во 2006 година, но после година и 6 месеци беше продаден на средината на сезоната на Феникс Санс. После сезона и пол со Санс, О’Нил беше продаден на Кливленд Кавалерс, каде што играше заедно со ЛеБрон Џејмс во 2009-10 година.
Поединечните награди на Шекил вклучуваат: во 1999-00 награда за највреден играч, во 1992-93 награда за Руки на годината, и во 15 Ол Стар селекции, 3 пати највреден играч во Ол Стар, највреден играч во 3 финалиња, 2 поентирачки титули, 14 во НБА-тим селекцијата и 3 во НБА-Одбранбен Тим. Тој е еден од три играчи кои освоил НБА највреден играч, Ол Стар најдобар играч и 3 во финалиња најдобар играч во истата година (2000). Другите играчи се Вилис Ред во 1970 година и Мајкл Џордан во 1996 и 1998 година. Тој се пласираше на 5 –тото место најдобар поентер на сите времиња, 6 –ти во бодови од поле, 14 –ти во скокови и 7-ми во блокирања.
Покрај неговата кошаркарска кариера, О’Нил издаде 4 рап албуми, со неговиот прв, Шек Дизел доби платина. Тој исто така се појави во некои филмови и започна забавни емисии, Големиот предизвик на Шек и Шек Вс.