![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/43/SchwerinerSeeSO.jpg/640px-SchwerinerSeeSO.jpg&w=640&q=50)
Шверинско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шверинско Езеро (германски: Schweriner See) — езеро во мекленбуршката приморска равница помеѓу Шверин и Висмар. Се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во северна Германија. Тоа е еутропско езеро богато со алги и со помал кислород.
Шверинско Езеро Schweriner See | |
---|---|
![]() Поглед на Шверинското Езеро | |
Подрачје | Мекленбург-Западна Померанија |
Координати | 53°38′N 11°28′E |
Вид | еутропско |
Главни истеци | Валенштајнграбен, Канал Штер |
Слив | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}414 км[1] км2 |
Сливни земји | ![]() |
Најг. должина | 24,8 км[2] км |
Најг. ширина | 6 км км |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}61,54 км2[1] км2 |
Прос. длабочина | 12,8 м[1] м |
Најг. длабочина | 52,4 м[1] м |
Зафатнина | 787 мил. м3[1] км3 |
Проточност | 10,1 година |
Надм. височина | 37,6 м м |
Населени места | Шверин, Бад Клајнен |
Езерото е долго 21 километар и широко до 6 километри. Има површина од 61,54 км2. По тоа ова езеро е четврто езеро по големина во Германија, а второ во северна Германија, веднаш зад езерото Мириц. Езерото е именувано во главниот град на сојузната покраина Шверин, кој се наоѓа на неговиот југозападен брег. Помалиот град Бад Клајнен е сместен на северниот брег на езерото.
Шверинското езеро на југ е поврзано со канал преку реката Елде со реката Елба. На север со реката Валенштајнграбен се поврзува со Висмар. Оваа река не е пловна, со исклучок за вештите кајакари. Браната што се наоѓа на средината на езерото, го дели на внатрешно и надворешно езеро. Делови од езерото и бреговите се заштитени како птичји резерват.