From Wikipedia, the free encyclopedia
Шампањ (француски: Champagne) — поранешна покраина во североисточниот дел на Кралството Франција, сега најпозната како вински регион Шампања поради пенливото бело вино што го носи нејзиното име во денешна Франција. Округот Шампања, кој потекнува од раното средновековно кралство Австразија, преминал под француската круна во 1314 година
Шампања Champagne | ||||||
Покраина на Кралството Франција | ||||||
| ||||||
| ||||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1314[1] | ||||
- | Укината | 1790 | ||||
|
Порано управуван од грофовите на Шампања, неговиот западен раб е околу 160 км источно од Париз. Градовите Троа, Ремс и Еперне се трговските центри на областа. Во 1956 година, поголемиот дел од Шампања станал дел од францускиот административен регион Шампањ-Арден, кого го сочинувале четири департмани: Арден, Обе, Горна Марна и Марна. Од 1 јануари 2016 година, Шампањ-Арден се споил со соседните региони Алзас и Лорен за да го формира новиот регион Голем Исток.
Во развиениот среден век, покраината била позната по Шампањските панаѓури, кои биле многу важни во економијата на западните општества. Витешките романи ги имале своите почетоци во округот Шампања со познатиот писател Кретјен де Троа, кој пишувал раскази за Тркалезната маса од легендите на кралот Артур.
Неколку грофови од Шампања биле француски кралеви со титула која се спојувала со француската круна од 1314 година кога Луј I, крал на Навара и гроф на Шампања, станал крал на Франција како Луј X. Грофовите од Шампања биле високо ценети од француската аристократија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.