Чеховска пушка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чеховска пушка (руски: Чеховское ружьё) — наративно начело што вели дека секој дел во приказната мора да биде неопходен, а безначајните делови треба да се отстранат. На пример, ако писателот има пушка во приказната, мора да има причина за тоа, како што е пукање некое време подоцна во заплетот. Сите делови на крајот мора да влезат во игра во одреден миг од приказната. Некои автори, како Хемингвеј, не се согласуваат со ова начело.
Начелото е писмено неколку пати забележано од Антон Чехов, со одредени промени. Тоа било совет за младите драматурзи.[1][2] [3][4]
Во последниве години, поимот добило и значење на дел на заплетот што се воведува рано во приказната, чие значење за заплетот станува јасно дури подоцна.[5][6] Ова значење е одвоено од првичната намера на Чехов со начелото, кое се однесува на наративната конзервација и неопходност, а не на значењето на заплетот.