Четнички институт на ТМОРО
From Wikipedia, the free encyclopedia
Четнички институт — воената структрура на Македонската револуционерна организација која имала силна улога во популаризирањето и проширувањето на Организацијата меѓу населението во Македонија и Одринско. Институтот официјално бил создаден со окружното на Централниот комитет од октомври 1898 година, но првите мерки се преземи од Даме Груев и Гоце Делчев во 1897 година. Кон крајот на 1899 и почетокот на 1900 година цела Македонија била прошарана со чети, а во 1900 година се појавуваат и првите чети во Одринско. Значењето на Институтот особено се гледа во успешната борба со османлиската армија, која не успеала да ги уништи четите, во текот на Илинденското востание. По востанието Институтот и понатаму имал водечка улога во македонското револуционерно движење, спротивставувајќи се на четите организирани од странските пропаганди во екот на Борбата за Македонија. По Младотурската револуција од 1908 година, институтот престанал да постои.