Честотна модулација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Честотна модулација или фреквенциска модулација[1][2][3][4] — вид на аголна модулација при која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Замавот на носечката честота е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/Amfm3-en-de.gif/200px-Amfm3-en-de.gif)
Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.