Черкаси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Черкаси (украински: Черкаси) — град на реката Днепар во централниот дел на Украина. Тој е административен центар на Черкаската област и административен центар на околниот Черкаски реон, во рамките на област. Градот бил основан уште во 13. век, и одиграл важна културно-општествена улога во историјата на Украина. Во тоа време, градот бил претежно населен со Козаци.
Черкаси Черкаси | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Местоположба на Черкаси | |||
Координати: 49°26′40″N 32°03′35″E | |||
Држава Област Реон | Украина Черкаска област Черкаски реон | ||
Основан | 1284 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Сергиj Одариќ | ||
Површина | |||
• Вкупна | 69,0 км2 (270 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000110000000110 м | ||
Население (2012) | |||
• Вкупно | 286.452 | ||
• Густина | 4.134/км2 (10,710/ми2) | ||
Час. појас | ЕЕТ (UTC+3) | ||
• Лето (ЛСВ) | ЕЕЅТ (UTC+3) | ||
Поштенски број | 18000-18499 | ||
Повик. бр. | +380 472 | ||
Мреж. место | rada.cherkasy.ua |
Неговата местоположба е отприлика 200 километри јужно од главниот украински град Киев. Бројноста на населението, според последниот попис од 2011 г. е 288 илјади жители. Во месец јуни 2011, Черкаси го прославил својот јубилеен 725 роденден.
Климата во градот е умерено-континентална, со благи зими и жешки лета. Просечната температура во градот на годишно ниво е 7,7 °C. Во јануарскиот период просечната температура на воздухот е -6 °C, додека во лето таа изнесува +20 °C. Најниската измерена температура била -25 °C (што е ретко се случува), додека пак највисоката била +35 °C, забележана во месец јули.
Бројот на население бил најголем во 1990 г. кога Черкаси имал речиси 300 илјади мештани. Оттогаш па наваму, тој број е во постојано опаѓање, што најмногу се должи на високата смртност кај месното население, социо-економската состојба и наглиот процес на урбанизација на местото. Денес, градот има точно 286.037 жители. Најголем дел од населението се Украинци, но исто така се застапени и руското и еврејско малцинство. Според половата припадност, 46,4% се мажи, додека останатите 53,6% се жени. Објавени се и податоци за старосната структура на населението, од кое 19% се лица-пензионери, додека само 15% се деца под 14 години. Овие бројки говорат за нерамномерната застапеност на возрасните групи.