Чарлс Стариџ
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Стариџ (англ. Charles Sturridge) (р. 24 јуни 1951) е англиски сценарист, продуцент, сценски директор, телевизиски и филмски режисер.
Стариџ е роден во Лондон, Англија во семејството на Џером Стариџ и Алисон Боуман Воган[1]. Се школувал во Стоунихарст Колеџ.[2]
Стариџ започнал да работи како глумец, но само за крактко време. Во 1968 играл мало момче во филмот „ако....“ од Линдзи Ендертон и ја толкувал улогата на младиот Едвард VII во филмот „Едвард Седми“. Во неговите рани 20-ти години режирал епизоди на „Коронејшн Стрит“, „Незнаници“, „Светот во акција“, „Крунски суд“ и „Воени пленови“,[3]. Се стекнал со светско реноме со неговата ТВ адаптација на романот „Враќање во Брајдсхед“ од Ивлин Во.
Од тоа време, па наваму режирал филмови како „Грст прав“, „Туѓинско поле“, „Таму каде ангелите се плашат да одат“, „Бајка: Бистинска приказна“ заснована на контроверзијата Котинглиски вили, „Тркачи“ од Стивен Пољакоф, римејк на детската класика „Леси“ и лирски извајаниот црно-бел сегмент „Ла Форца дел Дестино“ од „Арија“.
Стариџ продолжил да твори значајни дела за телевизија со „Бекет на филм“, дел од колаборативниот проект за филмување на сите драмски дела на Семјуел Бекет[4] со Ентони Мингела, Мајкл Линдзи-Хог, Нил Џордан и Патриција Розема. Исто така го режирал и високоценетиот минисеријал „Гуливеровите патувања“ е БАФТА-добитните „Географска должина“ и „Шеклтон“.
Стариџ се оженил со Фиби Николс, глумица од „Враќање во Брајдсхед“, на 6 јули 1985,[1][5] и има три деца.[6] Нивниот најстар син, Том Стариџ е глумец како родителите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.