црква во селото Мородвис From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Симеон Столпник е селска црква - манастир во кочанското село Мородвис.[1] Изградена и осветена е во 1968 година од тогашниот Митрополит Злетовско-струмички Наум. Иконите и фрескоживописот се изработени од Валентин Ѓуровиќ и Ангел од Кочани. Манастирот, кој е посветен во чест и спомен на преподобниот Симеон Столпник, е сместен во подножјето на планината Плачковица, во атарот на Мородвис.
Свети Симеон Столпник | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Зрновска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Мородвис |
Општина | Зрновци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Симеон Столпник |
Изградба | 1968 |
Живопис | 2002 |
Зограф | Валентин Ѓуровиќ и Ангел од Кочани |
Архитектонски опис | |
Заради неевидентирани пишани документи, презентираното во врска со изградбата и осветувањето на манастирот е од искази на некои од постарите жители на с. Мородвис. Според нивни искази на тоа место постоел манастир посветен на св. Јован (не е познато дали е Крстител или Богослов), каде што месното население за време на втората светска војна наоѓало прибежиште, а подоцна месното население се собирало на 2 август на празникот посветен на Св. Илија. Во 1957 по иницијатива на селаните и со нивни средства почнала изградбата на манастирот. Многу подоцна во 1983 манастирот бил осветен од тогашниот надлежен епархиски Архијереј. Градбата на манастирот се состоела од камења ѕидани со кал и печена тула, кровната конструкција била од греди, а кровот од плет од гранки. Од 2001 до 2002 е извршена реконструкција на манастирот со благослов на Митрополитот г. Агатангел.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.