Црква „Св. Пантелејмон“ - Пантелеј
главна црква во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Пантелеј, Кочанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Пантелејмон — главна црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Свети Пантелејмон | |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Спанчевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′4.9″N 22°18′36″E |
Место | Пантелеј |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Пантелејмон |
Завршено | 1885 |
Живопис | 1888 - 1892 |
Градител | Андон Китанов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е изградена во 1885 г. под водство на игуменот Мартиниј.[1] Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов.[2] Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи. Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 г. Негови се и иконите на иконостасот.[1][3] Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец.[4]
Во 1988 г. на барање на митрополитот Стефан Брегалнички (подоцна архиепископ на МПЦ - ОА), Заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските.[1]