црква во градот Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква „Св. Никола“ — црква која се наоѓа во Свети Николе, во Општина Свети Николе.
Свети Никола | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Парохија | Прва светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Свети Николе |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Св. Никола |
Изградба | 1983 |
Завршено | 1990 |
Живопис | Драган Ристевски |
Архитектонски опис | |
Оваа црква била изградена врз темелите на старата црква. Темелите биле осветени на 25 октомври 1983 година од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Храмот бил осветен на 14 октомври 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.
Иконите на иконостасот и фрескоживописот во олтарскиот дел се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид[1][2].
Црквата која традиционално го носела ова име била денешната „Св. Прохор Пчински“ врз која е изградена постојната „Св. Никола“. Оваа постара црква е преименувана и преосветена во 2011 г.
Објектот е еднокорабна градба граден од камен, тула и малтер. Кровот од надвор е на две води а внатре поделен на три свода, од кои средниот е највисок. Таванот е од дрво. Црквата е долга 12, а широка 6,40 метри. На ѕидовите се прозорци. Во внатрешноста на западната страна се наоѓа певница од дрвена конструкција, а на северниот ѕид е залепена проповедалницата, исто така од дрво. Олтарниот простор е подигнат во однос на наосот. Од олтарниот простор на југ се влегува во мала просторија – ѓаконик за чување на светите книги и реликвии. Црквата не е живописана. Единствен украс во ентериерот е дрвениот иконостас обоен кафеаво. На него се наоѓаат повеќе икони вградени во рамки. Некои потекнуваат од 1849, а други од 1875/77 година. Други носат индикт Е. Според внатрешната елевација поделена на три дела со тенки дрвени столбови, 4 на број и според архитектурата и иконите од 1849 година, може со сигурност да се претпостави дека е градена во првата половина на XIX век. Тоа е време на интензивна градба на голем број цркви во Македонија. Повеќето се градени од мајсторот-градител Андреја Дамјанов. Меѓу останатите, тој ги градел и црквите во Велес, Куманово и Ново Село. Во контекст со ова може да се претпостави дека и оваа црква е градена од него.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.