Црква „Св. Константин и Елена“ - Соколарци
црква во Соколарци, Кочанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Константин и Елена — црква во кочанското село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Константин и Елена | |
Камбанаријата на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Соколарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°53′46″N 22°16′43″E |
Место | Соколарци |
Општина | Чешиново-Облешево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Цар Константин и Царица Елена |
Изградба | 1848 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Затвори
Црквата е сместена на сретселото. Изградена е во 1848 година, а во 1892 година е обновена. Не е зографисана, а иконите се од XIX век, дело на непознат автор.[1] Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[2][3]