![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/LorentzianWormhole.jpg/640px-LorentzianWormhole.jpg&w=640&q=50)
Црвоточина
просторно гравитациско нарушување / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвоточина (или црвја дупка) — претставува хипотетичко тополошко обележје на време-просторот, коешто всушност претставува скратен пат низ времето и просторот. За поедноставено визуелно претставување на црвоточината, замислете го време-просторот како дводимензионална рамна површина (погледнете ја илустрацијата од десната страна). Доколку оваа површина се превитка на пола во 3 димензии, ни овозможува да си претставиме “мост” од црвоточина. (Ве молиме имајте предвид дека оваа слика е само визуализација прикажана за да се покаже во суштина незамислива структура која постои во 4 или повеќе димензии. Деловите на црвоточината може да бидат повисоки димензионални анлогии од деловите на превитканата дводимензионална површина; како на пример, наместо усти коишто се кружни форми во дводимензионалната рамнина, кај вистинската црвоточина, устите може да бидат сфери во тридимензионална површина). Црвоточината, теоретски, повеќе наликува на тунел со два краја секој на различна зафатнина и место во време – просторот. Не постојат видливи докази за постоењето на црвоточините, меѓутоа теоретски гледано постојат валидни солуции, кај равенката теорија на релативноста, којашто ги вклучува и црвоточините. Првиот вид на црвоточина како решение коешто беше откриено беше црвоточината Шварцчајлд којашто е претставена во Шварцчајлд метричкиот систем, опишувајќи внатрешна црна дупка, но се осозна дека овој вид на црвоточина пребрзо би се распаднал, за било што да би можело да премине од едниот на другиот крај. Црвоточините кои всушност би можеле да се преминат, познати како траверзабилни (преминливи) црвоточини, би постоеле само доколку, егзотичната материја со густина од негативна енергија, би можела да се искористи за да ги стабилизира. (Многу Физичари, како на пример Стивен Хокинг, Кип Торн и др. Сметаат дека ефектот Касимир е доказ дека густините од негативна енергија се возможни во контекст на теоријата за релативитет, исто така и хипотезата за квантната пена, понекогаш се користи за да се сугерира дека мали црвоточини може да се создадат и да исчезнат спонтано на Планково ниво (субатомско) ниво. Исто така се претпоставува дека, доколку црвоточина, одржувана отворена, од страна на космичките жици со негативна маса, создадена некаде за време на големата експлозија (Биг Бенг), би можела да се развие до макроскопско ниво, преку космичка инфлација. Американскиот теоретски физичар Џон Архибалд Вилер за првпат го воведува терминот црвоточина во 1957, меѓутоа уште во 1921 година германскиот математичар Херман Вејл ја поставува теоријата за црвоточините, преку масовна анализа на енергијата во електромагнетното поле.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/LorentzianWormhole.jpg/640px-LorentzianWormhole.jpg)
Овие анализи наведуваат на размислување за ситуации......... каде што има мрежен ток од сили во вид на линии, коешто топологистите го нарекуваат “рачка” на повеќекратно поврзан простор, а за што на физичарите можеби би требало да им се прости за поживописниот термин “црвоточина”.