From Wikipedia, the free encyclopedia
Циростратус небулосус (латински: Cirrostratus nebulosus) ― вид на облак циростратус на високо ниво. Името cirrostratus nebulosus потекнува од латински, придавката nebulosus што значи „полна со пареа, маглив, заматен, темен“.[2] Циростратус небулосус е еден од двата најчести облици што циростратусот често ги има, а другиот е циростратус фибратус. Видот небулосус е без особености и еден облик, додека видот фибратус има влакнест изглед.[3] Циростратус небулосус се создаваат со нежно растечки воздух. Облакот често е тешко да се види, освен ако сонцето не грее низ него под правилен агол, правејќи ореол.[4] Иако обично е многу светло, облакот исто така може да биде многу густ, а точниот изглед на облакот може да варира од една формација во друга.[5] Во зима, врнежите често следат зад овие облаци; сепак, тие не се облак што предизвикува врнежи.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.