да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство From Wikipedia, the free encyclopedia
Цел за одржлив развој 2 (скратено ЦОР 2) — втора од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел да „нема глад“. Официјалниот текст гласи: „да се стави крај на гладувањето, да се постигне безбедност на храната и подобрување на исхраната и да се промовира одржливо земјоделство“.[1][2] Целта има 5 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон остварување на потцелите се мери со помош на 14 показатели.[3]
ЦОР 2 ги нагласува сложените меѓузависности на безбедната храна, исхраната, руралната преобразба и одржливото земјоделство.[4] Според Обединетите нации, во светот има околу 690 милиони луѓе коишто се гладни, што соодветствува на 9,9% од светското население.[5] Многу потрагичен е податокот дека едно од девет лица во светот секоја вечер си легнува гладно, вклучувајќи 20 милиони луѓе коишто се под ризик да останат гладни во земји како Јужен Судан, Сомалија, Јемен и Нигерија.[6]
Неисхранетоста и екстремниот глад сочинуваат клучна препрека за одржлив развој. Обата проблеми создаваат стапица од којашто луѓето не можат да побегнат. Гладните луѓе се помалку продуктивни и склони на болести, а како такви не би биле во можност да го унапредат своето живеење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.