општествен поредок From Wikipedia, the free encyclopedia
Цезаропапизмот (или царопапизам или кајзеропапизам) претставува политички систем кој се заснова на идејата за комбинирање на моќта на световната со духовната власт на Црквата или поставување на световната власт над црковната. Во својот екстремен облик, цезаропапизмот е политичка теорија, во која шефот на државата, особено на царот (цезарот, или кралот), исто така е врховен шеф на црквата (татко, односно папата или соодветен верски водач). Спротивен политички систем на овој претставува теократијата во кои институциите Црквата ѝ се надредени на државата.
Поимот цезаропапизам во Европа има традиција уште од времето на Октавијан Август кој покрај тоа што бил првиот цар на Римското Царство истовремено бил и врховен свештеник (лат: Pontifex Maximus). Откако Христијанството станало државна религија на Римското Царство, нејзините цереви ја задржале контролата врз новата религија. Подоцна со опаѓањето на моќта на Византија и заедно со тоа нејзиното влијание во западна Европа византиските цареви останале на чело на Источна Христијанска Црква.[1][2] Византискиот цар претставувал заштитник на Црквата, управувал со нејзината политика претседавајќи со црковните собори, со именување патријарси и поставување на граници на териториите кои се под нивна јурисдикција.[3] До самиот крај на постоењето на Византија, цар претставувал Понтифекс максимус. Започнувајќи од IV век, за цариградски патријарх не можело да биде назначен без одобрение на царот.[4] Свети Јован Златоуст (Цариградски патријарх)[3], Свети Атанасиј (патријарх Александриски), како и западните теолози како што се Свети Хилариj и Хосиј (епископ на Кордоба) остро се спротивставувале на царската контрола врз Црквата.[5]
Византиските цареви Василиск, Зенон, Јустинијан I, Ираклиј и Констанс II имаат донесено неколку исклучиво црковни едикти или без посредство на црковните собори или пак го искористиле сопственото политичко влијание врз соборите при донесувањето на едиктите.[6]
Во Русија цезаропапизам го воведува Иван Грозни кој станал цар во 1547 година и ја подреди Руската православна црква на државата.[7] Според некои автори ова ниво на цезаропапизам далеку го надминува цезаропапизмот од времето на Византија.[8]
Во времето на Отоманското Царство султанот бил надлежен за црковните прашања. Цезаропапизамот во Турција постоел до 1923 година. Во Кипар цезаропапизамот постоел до 1977 година, кога починал архиепископот Макариос III.[9]
Покрај сето ова, цезаропапизмот не претставува дел од православната догма.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.