Хонда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хонда (јапонски: Honda Giken Kōgyō Kabushiki-gaisha) е јапонско мултинационално претпријатие, првенствено познато како производител на автомобили и мотоцикли. Хонда е најголемиот светски производител на мотоцикли, како и најголем светски производител на мотори со внатрешно согорување мерени според волуменот, произведувајќи повеќе од 14.000.000 мотори со внатрешно согорување секоја година. Хонда го надминала Нисан во 2001 година и станала вториот по големина јапонски производител на автомобили. Во август 2008, Хонда го надминала Крајслер како четврти по големина автомобилски производител во САД. Хонда е шестиот најголем производител на автомобили во светот.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![]() |
|
Тип | Јавно (TYO: 7267) & (NYSE: HMC) |
Индустрија | Автомобилска Воздушна |
Основана | 24 септември 1948 |
Основач(и) | Сочиро Хонда Такео Фујисава |
Седиште во | Минато, Токио, Јапонија |
Област на работење | Низ целиот свет |
Клучни луѓе | Сатоши Аоки (претседател) Таканобу Ито (CEO) |
Продукти | Автомобили Мотори Скутери ATV Електрични генератори Роботика Морска опрема Авиони Авионски мотори Опрема за тревници и градини |
Приходи | ▲ US$ 120.27 Милијарди (FY 2009) |
Оперативен приход | ▲ US$ 2.34 Милијарди (FY 2009) |
Нето приход | ▲ US$ 1.39 Милијарди (FY 2009) |
Вкупна актива | ▼ US$ 124.98 Милијарди (FY 2009) |
Вкупна акционерска главнина | ▼ US$ 40.6 Милијарди (FY 2009) |
Вработени | 181.876 |
Подружници | Acura Honda Aircraft Company |
Мрежно место | Honda Worldwide |
Хонда е првиот јапонски автомобилски производител кој пуштил во продажба посветен луксузен бренд, Acura во 1986 година. Освен нејзиниот основен бизнис со автомобили и мотоцикли, Хонда меѓу другото произведува и градинарска опрема, морска опрема и друго. Од 1986 година, Хонда е вклучена во истражување со вештачка интелигенција или роботика и го издадале нивниот ASIMO робот во 2000 година. Тие исто така направиле и еден ризичен потфат во воздухопловството со основањето на ГЕ Хонда Аеро Прелистувачи во 2004 година и Хонда HA-420 HondaJet, кој треба да биде издаден во 2011 година. Хонда троши околу 5% од своите приходи во R & D.[1]