Хиџаз
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хиџаз (арап. ٱلْحِجَاز, al-Ḥijāz – бариера) ― регион во западниот дел на Саудиска Арабија. Ги опфаќа градовите Мека, Медина, Џеда, Табук, Јанбу, Таиф и Балџураши. Позната е и како „Западна провинција“ во Саудиска Арабија. [1] На запад се граничи со Црвено Море, на север со Јордан, на исток со Наџд и на југ со регионот Асир.[2] Најголем град е Џеда (втор по големина град во Саудиска Арабија), а Мека и Медина се четврти и петти по големина градови во државата. Хиџаз е најкосмополитски регион на Арапскиот Полуостров.[3]
Хиџаз ٱلْحِجَاز Al-Ḥijāz | |
---|---|
Region | |
Карта на Хиџаз на која се прикажани градовите Мека , Медина, Џеда, Јанбу и Табук. Денешниот саудиска покраина е оцртана со црвено, а Кралството Хиџаз од 1923 година е со зелено. | |
Држава | Саудиска Арабија |
Покраина | Баха, Мека, Медина, Тебук |
Хиџаз е значаен по тоа што таму се наоѓаат исламските свети градови Мека[4] и Медина,[5] [6] [7] најсветите места во исламот. Како место на двете најсвети места во исламот, Хиџаз добил на значење во арапската и исламската историја и политика. Регионот Хиџаз е регион со најмногу жители во Саудиска Арабија,[8] како и во остатокот од Саудиска Арабија најмногу се зборува арапски јазик, а хиџашкиот арапски е најраспространет дијалект во регионот. Некои Хиџази имаат различно етничко потекло,[3] но сепак огромно мнозинство имаат арапско потекло.[9]
Регионот, според исламот, е родно место на исламскиот пророк Мухамед, кој е роден во Мека, за која месното население смета дека е основана од исламските пророци Абрахам, Исмаил и Агар. [10] Областа по раните муслимански освојувања станала дел од неговото царство и била дел од калифатите кои се појавиле подоцна, прво била под Праведниот Калифат, па под Калифатот на Омајадите и на крајот од Абасидскиот Калифат. Отоманското Царство делумно ја контролирало областа; по неговото пропаѓање, накратко во 1925 година била дел од независното Кралство Хиџаз а потоа бил освоен од Султанатот Неџд, по што било создадено Кралството Хиџаз и Неџд.[11] Во септември 1932 година, Кралството Хиџаз и Неџд се припоило кон саудиските доминации Ал-Хаса и Катиф, со што било создадено обединетото Кралство Саудиска Арабија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.