Хенри Кисинџер
американски политичар, дипломат и геополитички консултант / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Алфред Кисинџер (англиски: Henry Alfred Kissinger; роден Хајнц Алфред Кисингер; 27 мај 1923 - 29 ноември 2023 ) ― американски политичар, дипломат и геополитички консултант кој ја вршел должноста државен секретар на САД и Советник за национална безбедност за време на претседателските администрации на Ричард Никсон и Џералд Форд.[1] Потекнува од еврејско семејство кое во 1938 г. побегнало од Германија. Во 1969 г. станал советник за национална безбедност, а во 1973 и државен секретар на САД. Во 1973 за учеството во преговорите за прекин на огнот во Виетнам, Кисинџер под контроверзни околности ја добил Нобеловата награда за мир, при што двајца членови на комитетот поднеле оставка во знак на протест.[2]
Хенри Кисинџер | |
---|---|
Портрет на хенри Кисинџер, ок. 1973 | |
56ти државен секретар на САД | |
На должноста 22 септември 1973 – 20 1977 | |
Претседател | |
Претходник | Вилијам Роџерс |
Наследник | Сајрус Венс |
7-ми советник за национална безбедност на САД | |
На должноста 20 јануари 1969 – 3 ноември 1975 | |
Претседател |
|
Заменик |
|
Претходник | Волт Ростоу |
Наследник | Брент Скоукрофт |
Лични податоци | |
Роден(а) | Хајнц Алфред Кисинџер 27 мај 1923(1923-05-27) Фирт, Баварија, Вајмарска Република |
Починал(а) | 29 ноември 2023(2023-11-29) (возр. 100) Кент, Конетикат, САД |
Државјанство |
|
Партија | Републиканска |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Образование |
|
Награди | Нобелова награда за мир |
Потпис |
Кисинџер одиграл значајна улога во надворешната политика на САД во периодот од 1969 до 1977 година. Во овој период, тој започнал политика на релаксирање на односите со Советскиот Сојуз, го координирал воспоставувањето на односите со Кина, почнал да го применува она што подоцна ќе стане познато како шатл дипломатија на Блискиот Исток за да се стави крај наЈомкипурската војна и ги договарал условите од Парискиот мировен договор според кој Американците требало да се повлечат од Виетнамската војна. Кисинџер, исто така, се поврзува со неколку контроверзни политики како: вмешаноста на САД во чилеанскиот воен удар од 1973 година, давањето „зелено светло“ на воената хунта на Аргентина за нивната валкана војна и американската поддршка на Пакистан за време на Ослободителната војна во Бангладеш и покрај геноцидот што го извршил Пакистан.[3] Откако ја напуштил владата, формирал меѓународна геополитичка консултантска компанија. Кисинџер напишал преку десетина книги за дипломатска историја и за меѓународните односи.
Кисинџер се уште е контроверзен и поларизирачки лик во американската политика, од многу новинари, политички активисти и адвокати за човекови права осудуван како наводен воен злосторник,[4][5][6] и почитуван како многу делотворен американски државен секретар од многу истакнати научници за меѓународни односи.[7] По смртта на Џорџ Шулц во февруари 2021 година, Кисинџер е најстариот жив поранешен член на американскиот кабинет и последниот преживеан член на кабинетот на Никсон .[8]