From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Веј Кендал (англиски: Henry Way Kendall 9 декември 1926 – 15 февруари 1999 )[1] — американски честичен физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1990 година заедно со Џером Ајзек Фридман и Ричард Едвард Тејлор „за нивните пионерски истражувања поврзани со нееластичното расејување на електроните од протонитеи сврзаните неутрони, кои се од основна важност за развојот на кварковиот модел во честичната физика.“[2]
Хенри Веј Кендал | |
---|---|
Хенри Кендал кој се искачува над Јосемитската Долина. Фотографија Том Фрост. | |
Роден(а) | 9 декември 1926 Бостон, Масачусетс |
Починал(а) | 15 февруари 1999 72) Вакула Спрингс Стејстс Парк, Флорида | (возр.
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | МИТ, Стенфорд |
Образование | колеџ Амхерст, МИТ |
Докторски ментор | Мартин Дојч |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1990) |
Кендал е роден во Бостон како дете на Евелин и Хенри Плимптон Кендал, кој бил индустријалец. Кендал растел во Шерон, Масачусетс и се образувал на Дерфилдовата академија.[3] Се запишал на Трговскоморнаричката академија на САД во 1945 година, и служел во воениот транспорт преку северниот Атлантик во зимата 1945-46 година.
Во 1946 година, се запишал на колеџот Амхерст каде изучувал математика, и дипломирал во 1950 година. Додека бил во Амхерст, тој работел како нуркач за претпријатие за вадење потоната стока во текот на две лета. Бил соавтор на две книги, една за нуркање во плитки води а другата за подводна фотографија.
Тој дипломирал истражување на МИТ, каде работел на експериментално проучување на позитрониумот, и својот докторат го стекнал во 1955 година. Подоцна тој наредните две години ги минал како подокторски член на Брукхејвенската национална лабораторија. Потоа пет години минал во истражувачката група на Роберт Хофштадтер при Стенфорд во подоцнежните 50-ите и раните 1960-ите, каде работел со Џером Ајзак Фридман и Ричард Едвард Тејлор, проучувајќи ја структурата на протоните и неутроните, користејќи го унииверзитетскот линискиот електронски забрзувач со должина од 100 м. Тој развил блиска работна дружба со Волфганг Панофски од Стенфорд.
Тој подоцна се вратил на одделот за физика при МИТ, каде останал до крајот на својот живот.
Во доцните 60-и и почетокот на 70-ите, Кендал во соработка со истражувачите при Стенфордскиот линиски забржувачки центар (SLAC) заедно со Фридман и Тејлор. Овие експерименти вклучувале расејување на високо енергетски зраци од електрони од протоните и деутеороните и потешките јадра. При пониски енергии, веќе било познато дека електроните ќе се расејат само при мали агли, што било во согласност со идејата дека јадрата немаат внатрешна структура. Сепак, овие експерименти покажале дека електроните со повисоки енергии ќе се расејат со поголеми агли, со загуба на дел од енергијата. Ова длабоко нееластично расејување обезбедило разултати за првиот експериментален доказ дека протоните и неутроните се состојат од точкести честички, подоцна препознаени како горни и долни кваркови кои претходно биле биле предвидени од теоретичарите.[4] Експериментите исто така го обезбедиле првиот доказ за постоењето на глуоните.
Кендал не бил само многу успешен физичар, туку и доста умешен планинар и фотограф. Тој се искачувал во Јосемитската долина, какои експедиции на Андите, Химелаите и Антарктикот, фотографирајќи ги неговите искуства. Тој бил избран за член на Американската академија за науките и уметностите во 1982 година.[5] На 7 април 2012 година, Американскиот планинарски клуб го вброил Кендал во Аулата на планинарската извонредност при наградната церемонија во Голден, Колорадо.[6]
Кендал бил оеден од основачите на Сојузот на загрижени научници (UCS) во 1969 година.[3] Тој бил претседател на ова здруќение сè до неговата смрт во 1999 година.[7] Неговите јавни интереси вклучувале и избегнување на јадрената војна, Стратегиската одбранбена иницијатива, B2 бомбардерот, безбедноста на јадрените реактори и глобалното затоплување.
Тој исто така бил член на одбранбената советодавна група JASON.[8]
Кендал починал додека нуркал во паркот „Едвард Бол“ во Вакула Спрингс, Флорида како дел од проектот Вакула 2.[3][9] Тој ги заобиколил двете преднуркачки процедури на списокот за провеерка на неговиот Цис-Месечев MK-5P измешан гасен вдишувач и влегол да нурка без својот нуркачки придружник од Националното географско друштво.[9][10] Кендал заборавил да го вклучи доводот на кислород до вдишувачот изгубил свест и се удавил.[9][10] Аутопсијата покажала дека истиот имал медицински причини поради кои ги заобиколил протоколите за безбедност.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.