Хелиоцентричен систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелиоцентричен систем или хелиоцентризам [б 1] — е астрономски модел во кој Земјата и планетите се вртат околу Сонцето во центарот на Вселената. Историски гледано, хелиоцентризмот бил спротивен на геоцентризмот, кој ја ставал Земјата во центарот. Идејата дека Земјата се врти околу Сонцето, што била предложена кон почетокот на 3 век п.н.е. од Аристарх од Самос,[1] кој бил под влијание на концепт претставен од Филолај од Кротон (470 -. 385 п.н.е.). Во 5 век п.н.е. грчките филозофи Филолај и Хикета во различни прилики мислеле дека земјата е сферична и се врти околу „мистичен“ централен оган и дека тој оган ја регулира вселената [2]. Меѓутоа, во средновековна Европа, хелиоцентризмот на Аристарх привлекол малку внимание - веројатно поради загубата на научните трудови од хеленистичкиот период. [б 2]
Дури во 16 век, математичкиот модел на хелиоцентричен систем бил претставен од ренесансниот математичар, астроном и католички свештеник Никола Коперник, што довело до Коперниковата револуција. Во следниот век, Јоханес Кеплер вовел елиптични орбити, а Галилео Галилеј ги претставил придружните набљудувања направени со помош на телескоп.
Со набљудувањата на Вилијам Хершел, Фридрих Бесел и други астрономи, било увидено дека Сонцето, додека е блиску до барицентарот на Сончевиот Систем, не се наоѓа во ниту еден центар на Вселената.