Хекла
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хекла (исландски: Hekla) — стратовулкан во јужниот дел на Исланд со висина од 1488 метри и еден од најактивните вулкани на Исланд. Над 20 ерупции се случиле во и околу вулканот од 874 година наваму. Во средниот век, Европејците вулканот го нарекувале „Порта на пеколот“.
Хекла | |
---|---|
Хекла и Тјоурсау | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1488 м |
Координати | 63°59′N 19°42′W |
Географија | |
Геологија | |
Вид | Активен кратерски стратовулкан |
Последен избув | од 26 февруари до 8 март 2000 |
Искачување | |
Прво освојување | Егерт Олафсон, Бјарни Палсон, 20 јуни 1750[1] |
Хекла е дел од вулкански гребен долг 40 километри. Најактивниот дел на овој гребен, 5,5 километри долгиот кратер, се нарекува Хеклугја. Хекла наликува на превртен брод со серија кратери, од кои главно два се најактивни.
Честите и големи ерупции на вулканот го покриле поголемиот дел од Исланд со тефра и овие слоеви може да се користат за датирање на ерупциите на други вулкани во Исланд. Околу 10% тефра создадена во Исланд во последните илјада години потекнува од Хекла (до 5 км3). Кумулативно, вулканот е еден од оние вулкани коишто исфрлиле најголема количини лава во светот во тек на последниот милениум (околу 8 км3).