Хајнрих Шутц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хајнрих Шутц[1] (германски: Heinrich Schütz; 18 октомври [ст. ст. 8 октомври] 1585[2] - 6 ноември 1672)[3] бил германски композитор и оргулар, кој се смета за најважен германски композитор пред Јохан Себастијан Бах, како и еден од најзначајните композитори од 17-тиот век. Негова заслуга е носењето на италијанскиот музички стил во Германија и дал придонес во неговата еволуција од ренесансна во рана барокна музика. Поголемиот дел од неговите зачувани дела е напишан за лутеранската црква, најмногу за капелата во Дрезден. Тој ја напишал композицијата за Дафне која се смета за прва германска опера. Оваа опера била премиерно изведена во Торгау во 1627 година, а нејзината музика е оттогаш изгубена, заедно со скоро сите негови церемонијални и театарски партитури.
Хајнрих Шутц | |
---|---|
Хајнрих Шутц од Криштоф Шпетнер, о. 1660 (Музеј на музички инструменти при Универзитетот во Лајпциг) | |
Роден(а) | 18 Октомври [ст. ст. 8 Октомври] 1585 Кестриц |
Починал(а) | 6 ноември 1672(1672-11-06) (возр. 87) Дрезден |
Шутц се одбележува како музичар во Календарот на светците на некои северноамерикански лутерански цркви на 28 јули заедно со Јохан Себастијан Бах и Георг Фридерик Хендл.