Харолд Годвинсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Харолд Годвинсон ( ок. 1022 – 14 октомври 1066 година), наречен и Харолд II, бил последниот крунисан англосаксонски Крал на Англија. Харолд владеел од 6 јануари 1066 година [1] до неговата смрт во битката кај Хестингс, каде се борел против норманските напаѓачи предводени од Вилијам Освојувачот за време на норманското освојување на Англија. Со неговата смрт завршил и периодот на англосаксонско владеење со Англија.
Харолд Годвинсон | |
---|---|
Харолд Годвинсон на тапесеријата од Баје | |
Крал на Англија | |
На престол | 5 јануари – 14 октомври 1066 |
Крунисување | 6 јануари 1066 |
Претходник | Едвард Исповедникот |
Наследник |
|
Роден(а) | ок. 1022 Весекс, Англија |
Починал(а) | 14 октомври 1066 (на возраст од околу 44 години) во близина на ридот Сенлак, Сасекс, Англија |
Почивалиште | Волтамската опатија, Есекс или во Бошам, Сасекс (се спори) |
Сопружник |
|
Деца |
|
Династија | Годвин |
Татко | Годвин, Ерл од Весекс |
Мајка | Гита Торкелсдотир |
Харолд Годвинсон бил член на истакнато англосаксонско семејство со врски со Кнут Велики. По смртта на неговиот татко, Годвин, тој станал моќен гроф во Англија. Англискиот крал Едвард Исповедникот (негов зет за сестра) умрел на 5 јануари 1066 година без да остави наследник. Витенаџмот го избрал Харолд за негов наследник; тој најверојатно бил првиот англиски монарх кој бил крунисан во Вестминстерската опатија. Кон крајот на септември, успешно ја одбил инвазијата на претендентот за англиската круна, Харалд Хардрада од Норвешка, во Јорк. Потоа со својата војска се упатил на југ за да се соочи со Вилијам Освојувачот во Хестингс две недели подоцна.