ХЕД метеоритите се подгрупа на ахондритните метеорити. ХЕД е кратенка за „ хауардит – eукрит – диогенит“. Овие ахондрити потекнуваат од диференцирано родителско тело и биле изложени на силни магматски влијанија, не многу поразлични влијанијата врз многуте магматски карпи кои можат да се најдат на Земјата и затоа се многу слични на земјените магматски карпи.[1]
Пронајдени се неколку подгрупи на еукрити и на диогенити.[2][3]
ХЕД Метеоритите сочинуваат околу 5% од сите метеорити кои паѓаат на земјата,[4] што е околу 60% од сите ахондрити.[5]
Се смета дека сите ХЕД метеорити потекнуваат од кората на астероидот Веста,[6][7] а се разликуваат меѓусебе поради разликите во геолошката историја на матичната карпа. Преку односот на радиоизотопи утврден е периодот на нивната кристализација која се случила пред помеѓу 4,43 и 4,55 милијарди години. ХЕД метеоритите се диференцирани метеорити, кои настанале со магматски процеси во кората на нивниот матичен астероид.
Начинот на кој од Веста пристигнале на Земјата се смета дека е следниов:[8]
По судар на Веста со друго тело таа исфрлила остатоци по што биле создадени мали (со пречник помал од 10 километри) астероиди од типот V. Се претпоставува дека астероидните делчиња биле исфрлени со толкава големина, или можеби таа големина га достигнале преку здружување на помали остатоци. Некои од овие мали астероиди го формирале семејството Веста, а други биле расфрлани малку подалеку.[9] Се претпоставува дека овој настан се случил пред помалку од 1 милијарда години.[10] На Веста има огромен ударен кратер кој покрива голем дел од нејзината јужна полутопка и се претпоставува дека на тоа место се случил сударот. Количината на ископани карпи од таму е сосема доволно за да ги опфати сите познати астероиди од типот V.
Некои од астероидните остатоци што одлетале подалеку завршиле во 3:1 Кирвудовиот јаз. Ова е нестабилно подрачје поради силните растројувања од Јупитер, а астероидите кои завршиле овде се исфрлувани во многу поразлични орбити во временска рамка од околу 100 милиони години. Некои од овие тела се престроени во орбита блиску до Земјината, со што се создале малите близуземски астероиди од типот V, како: 3551 Веренија, 3908 Никта или 4055 Магелан .
Подоцнежните по помали судари на овие близуземски тела од нив се отстраниле метеорити со големина на камен, од кои некои подоцна ја погодиле Земјата. Врз основа на мерењата на изложеноста на космички зраци, се смета дека повеќето ХЕД метеорити настанале од неколку различни вакви судари и поминале од околу 6 милиони до 73 милиони години во вселената пред да удрат на Земјата.[11]
McSween, H. Y.; R. P. Binzel; M. C. De Sanctis; E. Ammannito; T. H. Prettyman; A. W. Beck; V. Reddy; L. Le Corre; M. J. Gaffey (27 November 2013). „Dawn; the Vesta-HED connection; and the geologic context for eucrite, diogenites, and howardites“. Meteoritics & Planetary Science. 48 (11): 2090–21–4. Bibcode:2013M&PS...48.2090M. doi:10.1111/maps.12108.CS1-одржување: display-автори (link)
Eugster, O.; Michel, Th. (1995). „Common asteroid break-up events of eucrites, diogenites, and howardites, and cosmic-ray production rates for noble gases in achondrites“. Geochimica et Cosmochimica Acta. 59 (1): 177–199. Bibcode:1995GeCoA..59..177E. doi:10.1016/0016-7037(94)00327-I.