регион во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Автономен регион Фруланија-Јулиска Краина (италијански: Friuli-Venezia Giulia, фурл., словенечки: Furlanija-Julijska krajina,германски: Friaul-Julisch Venetien) е еден од 20-те региони во Италија и еден од 5-те автономни региони со посебен статус. Главен град на покраината е градот Трст, а втор по големина и најважен е Удине.
Фурланија-Јулиска Краина | |||
---|---|---|---|
Автономен регион | |||
Химна: Incuintri al doman | |||
Држава | Италија | ||
Главен Град | Трст | ||
Управа | |||
• Претседател | Масимилијано Федрига | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7.924 км2 (3,059 ми2) | ||
Население (31 август 2017) | |||
• Вкупно | 1.216.524 | ||
• Густина | 150/км2 (400/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Повик. бр. | IT-36 | ||
БДП(номинален) | €38 billion (2018)[1] | ||
БДП (по град) | €31,200 (2018)[2] | ||
ИЧР (2021) | 0.905[3] многу високо · | ||
Мреж. место | www.regione.fvg.it |
Провинцијата Фруланија-Јулиска Краина е една од оние транспортно важни области во Европа, каде што Апенинскиот Полуостров е поврзан со Источна и Централна Европа. Има и многу јасно изразени влијанија од север и исток, кои на овој дел од Италија му даваат низа особености.
Фруланија-Јулиска Краина е најсевероисточната провинција во Италија, граничи со Словенија на исток и Австрија на север. На запад се наоѓа италијанската провинција Венето, а на југ се наоѓа Јадранското Море.
Како што е во името, покраината се состои од две историски области:
Површината на покраината е 7.856, а според ова, Фруланија-Јулиска Краина е една од најмалите италијански региони.
Во рамките на регионот Фруланија-Јулиска Краина, се разликуваат неколку природни единици во правец југ-север. Јужниот дел е рамна област долж северниот брег на Јадранското Море . Тоа е крајниот источен дел падската низина. Овој дел зафаќа 38% од површината на регионот и е местото каде што се одгледуваат жито и зеленчук. Централниот дел е ридски со лозја и овоштарници. Овој дел зафаќа 19% од површината. Северниот дел е планински како последица на Алпите со голем број густо населени долини. Многу мал дел на исток кај Динаридите има карстни форми. Овој дел зафаќа 43% од површината.
Климата во провинцијата Фруланија-Јулиска Краина е изменета средоземноморкса со значителни влијанија од континенталната од север. Затоа, зимите се поостри, а летата се поблаги отколку во другите делови на Италија. Ваквата комбинација на клими доведува со чести јаки ветрови.
Јужната граница на регионот е северниот брег на Јадранското Море, кој овде е прилично мочурлив и тешко пристапен. Главните реки имаат меридијански правец и течат од Алпите до Јадранското Море. Најважната и централно поставена река е Таљаменто, а на исток е долниот дел од потокот Соча. Реките имаат значителен пад и се полноводни во долниот дел од нивниот слив.
Фруланија-Јулиска Краина е поделена на 4 области, т.е. провинции со градови со исто име како административни центри:
Денес, Фруланија-Јулиска Краина има околу 1,2 милиони жители. Во последните сто години, бројот на жители речиси и не се променил.
Густината на населението е околу 160 луѓе/km², што е помалку од националниот просек (200 луѓе). Рамничарскиот дел на покраината е многу погусто населен од северната, алпска област. Областа на Трст е особено густо населена.
Етничката слика на покраината е значително различна отколку во случајот со другите италијански провинции . Така, во покраината доминира италијанско население, но со фрулијанскиот јазик како мајчин јазик. Словенечкото национално малцинство живее во деловите до Словенија, а германското малцинство во делот до Австрија. Влијанието на граничниот карактер на покраината се одразува и во големиот удел на населението со привремен престој (6,7%).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.