Фузе
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Фузе (германски: Fuhse) — река во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, лева притока на Алер. Во текот на XIX век во картите се сретнува и како Fuse, а името веројатно потекнува од древното „Фоза“, наречено по германското племе Фози.
Фузе во градот Целе | |
Место | Долна Саксонија, Германија |
---|---|
Должина | 100,8 км [1] |
Извор | кај Флете во западниот дел на Одервалд 52°03′00″N 10°17′41″E |
Висина на изворот | 140 м над м.н. |
Утока | во Целе во Алер 52°22′19″N 10°01′32″E |
Висина на утоката | 38 м над м.н. |
Спуст | 102 м |
Слив | Везер |
Одлив | Алер → Везер → Северно Море |
Слив | 917,5 км² [2] |
Истек[3] на вливот | Просечен среден: 4,6 м³/с |
Десни притоки | Шварцвасер, Ерзе, Харлаке |
Леви притоки | Флоте, Крумбах, Ауебах, Беке, Катје Фузе |
Градови | Залцгитер |
Помали градови | Пајне, Целе |
Села | Флете, Ленгеде, Зелде, Илзеде, Едемисен, Ице, Брекел, Нинхаген |
Фузе извира од западниот дел на Одервалд, ридови во масивот Харц помеѓу Бад Харцбург и Волфенбител. Изворот се наоѓа во општината Флете близу Шладен. Оттука, Фузе тече на запад кон Залцгитер. Оди кон север и тече низ Пајне, Долберген и Ице до Целе. Во Целе (округ Нојштат) се влева во Алер. Најважна притока е Ерзе, која се влева во Фузе кај Ице.