Фудбалска репрезентација на Панама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска репрезентација на Панама (шпански: Selección de fútbol de Panama) е претставник на Панама во меѓународниот фудбал. Тимот е контролиран од страна на управното тело за фудбал во Панама, Панамската фудбалска федерација, која е член на КОНКАКАФ и регионалната УНКАФ. Панама за првпат во нејзината историја се квалификувала за Светското првенство 2018 година во Русија.
Прекари(и) | Лос Каналерос (The Canal Men) La Marea Roja (The Red Tide) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Federación Panameña de Fútbol | ||
Конфедерација | КОНКАКАФ | ||
Селектор | Ернан Дарио Гомес | ||
Капитен | Фелипе Балоу | ||
Најмногу настапи | Габриел Гомес (140) | ||
Најдобар стрелец | Луис Теједа (43) | ||
Домашен стадион | Стадион Ромел фернандез | ||
| |||
Светско првенство | |||
Учества | 1 |
Панама стигнала многу близу до четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 година. Во нивниот последен натпревар, кој бил против фудбалската репрезентација на САД, тие воделе со 2-1 и по 90 минути игра. и биле подготвени да стигнат до плејоф квалификациите за Светското првенство во 2014 година, но примиле два гола во дополнителното време и биле елиминирани, со тоа што Мексико го зезело местото во плејофот наместо Панама.[1]
Панама завршила како второпласирана во 2005 година на КОНКАКАФ Голден Купот и во 2013 година на истото натпреварување. Панама, исто така, се натпреварувала во субрегионалното Првенството на Средна Америка што го освоила во 2009 година.