Фудбалска репрезентација на Австралија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Австралија ја претставува Австралија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Австралија. Таа е членка на Азиската фудбалска конфедерација (АФК) од 1 јануари 2006 година, додека претходно била членка на Фудбалската конфедерација на Океанија (ОФК).
Сојуз | Фудбалска федерација на Австралија | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | ОФК (Океанија) АФК (од 2006) | ||
Селектор | Греам Арнолд | ||
Капитен | Метју Рајан | ||
Најмногу настапи | Марк Шварцер (109) | ||
Најдобар стрелец | Тим Кејхил (50) | ||
Домашен стадион | разни | ||
ФИФА код | AUS | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 38 (6 октомври 2022) | ||
Највисок | 14 (септември 2009) | ||
Најнизок | 102 (ноември 2014) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Нов Зеланд 3–1 Австралија (Нов Зеланд; 17 јуни 1922) | |||
Најголема победа | |||
Австралија 31–0 Американска Самоа (Австралија; 11 април 2001) | |||
Најлош пораз | |||
Австралија 0–8 Јужна Африка (Австралија; 17 септември 1955) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 6 (првпат во 1974) | ||
Најдобар резултат | осминафинале 2006, 2022 | ||
Азиски куп | |||
Учества | 4 | ||
Најдобар резултат | Победник, 2015 | ||
Куп на Океанија | |||
Учества | 6 (Прво во1980) | ||
Најдобар резултат | Победник, 1980, 1996, 2000, 2004 |
Австралија е, до денес единствената репрезентација, која освоила континетална титула на две различни конфедерации, освојувајќи го Купот на Океанија четири пати помеѓу 1980 и 2004 година, како и АФК Азискиот куп во 2015 година на домашен терен. Исто така, таа е единствената репрезентација во светот што претставувала две различни конфедерации (АФК и ОФК) на светското фудбалско првенство, на кое учествувала во 6 досегашни изданија (првпат во 1974), достигнувајќи како најдобар резултат, до осминафиналето во 2006 и 2022 година. На Купот на конфедерации, репрезентацијата учествувала во 1997, 2001, 2005 и 2017 година, стигајќи до второто место како најдобар резултат во нивното прво учество, во 1997 година, кога во финалето загубиле од Бразил.
Играчите и навивачите на австралиската репрезентација го носат прекарот Socceroos, термин кој дошол со спојување на зборовите soccer (на македонски фудбал) и kangaroos (на македонски кенгур).
На светската ранг-листа на ФИФА, формирана во август 1993 година, Австралија може да се пофали со 21. место како најдобар пласман во јули 2009 година, додека најлошиот пласман и бил 102. место во ноември 2014 година.