![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/8/83/%25D0%25A4%25D1%2580%25D0%25BE%25D1%2581%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0_%2528%25D1%2584%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25BC%2529.jpg/640px-%25D0%25A4%25D1%2580%25D0%25BE%25D1%2581%25D0%25B8%25D0%25BD%25D0%25B0_%2528%25D1%2584%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25BC%2529.jpg&w=640&q=50)
Фросина (филм)
филм / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фросина — првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Претставен е во 1952 г. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“[1]. Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.
Кратки факти „Фросина“, Режисер ...
„Фросина“ | |
---|---|
![]() Фросина | |
Режисер | Воислав Нановиќ |
Сценарист | Владо Малески |
Главни улоги | Мери Бошкова Ацо Јовановски Петар Вељановски Предраг Наѓа Петре Прличко Илија Џувалековски Љупка Џундева Кирил Ќортошев |
Жанр | драма |
Музика | Трајко Прокопиев |
Дистрибутер | Кино Култура |
Премиера | 28 јуни 1952 |
Времетраење | 79 мин. |
Земја | ![]() |
Јазик | македонски |
Затвори
Филмот е снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.