Франтишка Пламинкова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франтишка Пламинкова (5 февруари 1875 – 30 јуни 1942) била чешка феминистка и активистка за правото на глас. Обучена како учителка, таа се вклучила во феминистичкото движење откако на наставниците им било забрането да стапат во брак. Таа се свртела кон новинарство, пишувајќи написи за нееднаквоста. Избрана во Градскиот совет на Прага и Националното собрание, таа била претседател на Сенатот кога Чехословачка се отцепила од Австроунгарското Царство. Таа била потпретседател на Меѓународниот совет на жени, како и на Меѓународната алијанса за право на глас на жените и присуствувала на многу меѓународни феминистички конгреси. Пламинкова била уапсена и убиена од Гестапо во 1942 година.
Кратки факти Франтишка Пламинкова, Роден(а) ...
Франтишка Пламинкова | |
---|---|
Роден(а) | Франтишка Фаустина Пламинкова 5 февруари 1875(1875-02-05) Прага, Бохемија, Австроунгарија |
Починал(а) | 30 јуни 1942(1942-06-30) (возр. 67) Кобилиско стрелиште, Чешко-моравски протекторат (денешна Прага) |
Националност | Чехиња |
Занимање | учителка, новинар, активист, политичар |
Затвори