![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/de/Blue_Droplet.jpg/640px-Blue_Droplet.jpg&w=640&q=50)
Флуид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поимот флуид е заедничкото име за течностите и гасовите. Името доаѓа од латинскиот јазик, од зборот flux, што значи проток, односно нешто што тече или струи. Класификацијата на гасовите и течностите во флуиди е поради тоа што тие имаат многу сличности и разлики, и кога се во рамнотежни состојби, и кога се наоѓаат во движење.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/de/Blue_Droplet.jpg/640px-Blue_Droplet.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/98/Studies_of_Water_passing_Obstacles_and_falling.jpg/640px-Studies_of_Water_passing_Obstacles_and_falling.jpg)
Макроскопските својства на течностите се определени од нивната микроструктура и од начинот на движењето на нивните структурни честички, а тоа се атомите, молекулите или јоните. Многу факти покажуваат дека при некои услови својствата на течностите се слични на својствата на гасовите, а при други услови тие се доближуваат до својствата на цврстите тела. Тоа значи дека микроструктурата и движењето на структурните честички во течностите значително се менуваат со промена на условите во кои се наоѓаат, а главно со промена на температурата и на притисокот.