![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e2/Finnish_language_map%252C_detailed_areas.png/640px-Finnish_language_map%252C_detailed_areas.png&w=640&q=50)
Фински јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финскиот (suomi, suomen kieli) е балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Финскиот е службен јазик на Финска, а воедно и национален јазик, каде го зборува мнозинството од населението на државата (92%). Тој е службен јазик и на официјалното финско малцинство во Шведска и истиот е еден од службените јазици на ЕУ.
Кратки факти Фински јазик, Изговор ...
Фински јазик | |||
---|---|---|---|
suomen kieli | |||
Изговор | ˈsuo̯mi | ||
Застапен во | Финска, Русија, Естонија, Шведска, Норвешка | ||
Говорници | (5 милиони[1] во 1993 г.)e17 | ||
Јазично семејство | уралско
| ||
Писмо | латиница (финска азбука) | ||
Статус | |||
Службен во | ![]() ![]() признат како малцински во: ![]() | ||
Регулативен орган | Оддел за јазично планирање при Институтот за јазици во Финска | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | fi | ||
ISO 639-2 | fin | ||
ISO 639-3 | fin | ||
![]() официјален
малцински | |||
|
Затвори
Финскиот јазик е член на балтофинските јазици и е класифициран како аглутинативен јазик. Тој ги модифицира формите и на именките и на придавките во зависност од нивната улога во реченицата. Има репутација дека е тежок за учење и разбирање, што е првенствено поради тоа што има само мал број јазици сродни со него, така правејќи го речникот непознат.