From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на Светското првенство во фудбал 2018 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство во фудбал 2018 година. Ова ќе биде 21-во финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кој се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на Лужники во Москва на 15 јули 2018 година.[3]
Финале на СП 2018 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стадионот Лужники во Москва бил домаќин на финалето | |||||||
Првенство | Светско првенство 2018 | ||||||
| |||||||
Датум | 15 јули 2018 | ||||||
Стадион | Стадион Лужники, Москва | ||||||
Играч на натпреварот | Антоан Гризман (Франција) | ||||||
Судија | Нестор Питана | ||||||
Гледачи | 78,011[1] | ||||||
Временски прилики | Умерено облачно 27 °C (81 °F) 51% влажност[2] | ||||||
Во финалето играле Франција и Хрватска.
Франција победила во финалето со 4–2, откако воделе со 2–1 на полувремето со автогол и гол од пенал кој бил досуден со помош на video assistant referee системот којшто за првпат бил во употреба за време на едно финале на Светско првенство. Исто така тоа било првпат некој да постигне автогол за време на финале на некое Светско првенство. Франција исто така станала втората репрезентација после Бразил во 2002 која ги добила сите свој натпревари во нокаут-фазата без продолженија или пенали. Како светски шампион, Франција стекнала право да игра на ФИФА Купот на конфедерации во 2021 година.
Финалниот натпревар бил одигран на Стадионот Лужники во Москва, сместен во округот Хамовники, во Централниот административен округ. За домаќин на финалето на Светското првенство 2018, Стадионот Лужники бил избран на 14 декември 2012, после состанокот на извршниот комитет на ФИФА во Токио, Јапонија.[4] Покрај финалето, стадионот бил домаќин на уште шест други натпревари, вклучувајќи го и првиот натпревар со кој било отворено првенството на 14 јуни, како и вториот полуфинален натпревар меѓу Хрватска и Англија на 11 јули.[5][6]
Стадионот Лужники, претходно познат како Гранд арена на Централниот Ленин стадион до 1992, оторен е во 1956 година како дел од олимпискиот комплекс Лужники.[7] Лужники е национален стадион на фудбалската репрезентација на Русија, на кој се одиграни бројни натпревари на руската репрезентација, како и на Советскиот Сојуз. Претходно, стадионот како домашен го користеле неколку клубови: ЦСКА Москва, Торпедо Москва и Спартак Москва, но моментално не го користи ниту еден клуб.[8][9]
Стадионот Лужники пред Светското првенство во фудбал 2018, угостил бројни други меѓународни настани. Бил главен стадион на Летните олимписки игри 1980; на него се одржани церемониите за отворање и затворање на игрите, како и натпреварувањата во атлетика, фудбал (четири натпревари, вклучувајќи го и финалето) и поединечни коњечки скокови. Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА 1999, како и финалето на Лигата на шампионите 2008. Од другите натпреварувања, на Стадионот Лужники е одржана Спартакијадата, финалето на Светското првенство во хокеј на мраз 1957, Летната универзијада 1973, Игрите на пријателството 1984, Годвилските игри 1986, Светските игри за млади 1998, Светското првенство во рагби седмица 2013, како и Светското првенство во атлетика 2013. Исто така на стадионот свој концерти одржале бројни музички ѕвезди како: Мајкл Џексон, The Rolling Stones, Мадона, Metallica, U2 и Red Hot Chili Peppers.[10] Московскиот музички фестивал на мирот бил одржан на стадионот во 1989.
Како стадион од категорија 4, Лужники е најголем стадион на Светското првенство 2018, со максимален капацитет од 81.006. Стадионот е исто така најголем во Источна Европа и осми наголем во Европа. Како дел од кандидатурата на Русија за Светското првенство, стадионот бил реконструиран и проширен; работите започнале во август 2013. Самоодржливата конструкција била сочувана, како и историскиот преден дел на стадионот.[11] Реконструкцијата е завршена во 2017, а вкупните поправки чинеле 350 милиони евра.[12]
Франција | Рунда | Хрватска | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Противници | Резултат | Групна фаза | Противници | Резултат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Австралија | 2–1 | Натпревар 1 | Нигерија | 2–0 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Перу | 1–0 | Натпревар 2 | Аргентина | 3–0 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Данска | 0–0 | Натпревар 3 | Исланд | 2–1 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Победник на Група Ц
|
Завршен поредок | Победник на Група Д
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Противници | Резултат | Нокаут фаза | Противници | Резултат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аргентина | 4–3 | Осминафинале | Данска | 1–1 (прод.) (3–2 п) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Уругвај | 2–0 | Четвртфинале | Русија | 2–2 (прод.) (4–3 п) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Белгија | 1–0 | Полуфинале | Англија | 2–1 (прод.) |
|
|
Играч на натпреварот:
Помошни судии:
|
Правила на натпреварот[14]
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.