Филозофија
наука за општите и суштинските проблеми / From Wikipedia, the free encyclopedia
Филозофија[1] — хуманистичка дисциплина чија цел е стекнување на знаење или мудрост за општи начела како стварноста, знаењето, значењето, вредноста, постоењето и вистината. Не постои договор за употреба на правилниот пристап за ова занимање, а оттаму прашањето дали на филозофијата и е нужен античкиот дијалектички, т.е. дијалошки пристап. Навистина, филозофијата во текот на историјата се толкува најразлично од разновидни филозофи и мислители. Мета-филозофијата се јавува како соодветен алат за точно разграничување на границите на предметот на проучување и пристапот во истражувањата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. (август 2012) |
Зборот филозофија честопати се однесува и на збирот на делата на големите филозофи. Може да означува и академски истражувања на различни прашања поставени од различни филозофи, исто така може да означува и определен критички, креативен начин на размислување. Современата западна филозофија има две главни традиции: аналитичка и континентална традиција. Источната филозофија претставува различна традиција поради географските, но и идејни одредници.