Фереро Спа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фереро СпА е италијански производител на чоколада и други кондиторски производи, основан од Пјетро Фереро, слаткар, во 1946 година со седиште во Алба, Пиемонт, Италија. Компанијата го постигнала успехот на чело со синот на Пјетро, Микеле Фереро, потоа со неговиот син Пјетро Микеле (внук на основачот), кој го надгледуваше глобалниот бизнис пред да почине на 18 април 2011 година во велосипедска несреќата на возраст од 47 години. Анкетата во 2009 од Институтот за Репутација ја рангираше Фереро како најреномирана компанија во светот. Тоа е приватна фирма во сопственост на семејството Фереро и е опишана како „една од најпознатите таинствени фирми во светот.“[1] Групата Фереро во светот , на чело извршен директор Џовани Фереро, вклучува 38 трговски друштва, 18 фабрики, а околу 21.500 вработени.
![]() | |
Податотека:Ferrero Headquarter (Nutella company).jpg | |
Вид | Друштво со ограничена одговорност (приватна сопственост) |
---|---|
Дејност | храна |
Основано | 1946; пред 78 години (1946) |
Основач | Пјетро Фереро |
Седиште | , |
Опслужувани подрачја | цел свет |
Клучни личности | Џовани Фереро |
Производи | слаткарски производи |
Марки | Фереро рочер Нутела Рафаело Тик так Киндер чоколада |
Доход | ▲ € 10.3 милијарди (за фискална година 2016) |
Оперативен доход | €889 милиони (за фискална година 2014-2015) |
Сопственик | Џовани Фереро |
Вработени | 33,219 (за фискална година 2014-2015) |
Мреж. место | ferrero.com |
![Логото на Фереро со корпоративен фонт со истото име](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/00/Ferrero_-_logo_brown_%28Italy%2C_1964-%29.svg/220px-Ferrero_-_logo_brown_%28Italy%2C_1964-%29.svg.png)