![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/27/Princess_Fahrelnissa_Zeid_family_1937.jpg/640px-Princess_Fahrelnissa_Zeid_family_1937.jpg&w=640&q=50)
Фахрониса Зејд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фахрониса Зејд (арап. الأميرة فخر النساء زيد) Fakhr un-nisa или Fahr-El-Nissa (7 јануари 1901 - 5 септември 1991 година) — турска уметничка најдобро позната по нејзините апстрактни слики со калеидоскопски зашароци. Преку разни цртежи, литографии и скулптури, нејзините дела ги комбинирале елементите на исламската и византиската уметност со апстракцијата и други влијанија од Западот. Зејд беше една од првите жени кои студирале на уметничко училиште во Истанбул.[1] Таа живееше во разни градови и стана дел од авангардните сцени на Истанбул, предвоен Берлин и повоен Париз. Нејзините дела беа изложени во разни институции во Париз, Њујорк и Лондон, вклучувајќи го и Институтот на современа уметност во 1954 година.[2] За време на 1970-тите години таа се пресели во Аман, Јордан, каде што основала уметничко училиште. Во 2017, Тејт Модерн во Лондон организираше голема ретроспектива на уметничката и ја нарече "една од најзначајните женски уметници од 20 век."[3] За време на 1930-тите, таа стапи во брак со член на хашемитското кралско семејство на Ирак и е мајка на принцот Раад бин Зејд и баба на принцот Зејд бин Раад.
Фахрониса Зејд | |
---|---|
![]() Принцезата Зејд со нејзините деца принцезата Ширин и принцот Раад, во Берлин (1937). | |
Роден(а) | Фахрониса Шакир 7 јануари 1901 Бјујукада, Истанбул, Отоманско Царство |
Починал(а) | 5 септември 1991 (на 90 години) Аман, Јордан |
Познат(а) по | Слики, скулптури, колажи |
Сопружник | Изет Мелих Деврим Принцот Зејд бин Хусеин |