![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/68/Fabio-Capello.jpg/640px-Fabio-Capello.jpg&w=640&q=50)
Фабио Капело
италијански фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фабио Капело (роден на 18 јуни 1946 година) — пензиониран италијански фудбалер, тренер[1], а последниот ангажман го имаше како селектор на репрезентацијата на Русија, каде што беше отпуштен во 2015 година. Карактереистично за Капело е тоа што тој има освоено шампионска титула во домашните првенства со сите тимови кои ги водел во неговата кариера. Во првите сезони како менаџер тој освои четири скудета (шампионски титули во Италија) со Милан, и исто така ја освои Лигата на шампионите во 1993-94 година каде што ја порази Барселона со 4-0 во финалето што ќе се запамти. Потоа тој помина една година во Реал Мадрид, каде ја освои шампионската титула во домашното првенство[2] (Ла Лига), и во 2001 година тој премина во Рома и ја доведе до првата шампионска титула во Серија А. Капело исто така има освоено две титули со Јувентус (кои подоцна беа одземени со скандалот Калчополи), и во 2006 година се врати во Реал Мадрид, каде освои уште една домашна титула во Ла Лига. Сè на сè` тој има освоено титули во седум домашни првенства (девет ако ги сметаме и тие на Јувентус) во неговите 16 сезони како тренер, и е еден од малкуте менаџери кој освоил титули во четири големи градови во Европа: Милано, Мадрид, Рим и Торино. Откако беше назначен за селектор на Англија во декември 2008 година, тој изјави дека ова ќе биде последна улога во неговата кариера. Договорот на Капело со Англиската фудбалска федерација стапи на сила на 7 јануари 2008 година, и првенствено беше во план Капело да ја води репрезентацијата 2 и пол години. На 24 јануари 2008 година, Капело беше назначен за претседател на Асоцијацијата за менаџери на Англија, вообичаена улога на секој селектор на репрезентацијата. Во мај 2010 година беше објавено дека договорот со Капело беше продолжен до 2012 година .
Фабио Капело | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Фабио Капело | ||
Роден на | 18 јуни 1946 | ||
Роден во | Сан Канцијан д’Изонцо, Италија | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | средина | ||
Сегашен клуб | Англија | ||
Младинска кариера | |||
1963–1964 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст(Голови)† | |
1964–1967 1967–1970 1970–1976 1976–1980 |
![]() ![]() ![]() ![]() |
49 (3) 62 (11) 165 (27) 65 (4) | |
Репрезентација | |||
1972–1976 |
![]() | 32 (8) | |
|