фудбалски клуб од херенфен, Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Херенфен или Спортски клуб (СК) Херенфен е холандски професионален фудбалски клуб и во моментов се натпреварува во Ередивизи, највисокото ниво во холандскиот фудбал. Базата на клубот е во градот Херенфен, Фризија.
Клубот е основан во 1920 година. Херенфен досега нема ниту една титула првак на Холандија, но во сезоната 1999-2000 го освоил второто место зад шампионот ПСВ Ајндховен и настапувал во Лигата на шампионите следната сезона. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на Купот на Холандија во сезоната 2008-09, кога Фризијскиот клуб бил подобар од Твенте на пенали. Интересно е тоа што во тоа финале, првиот гол на натпреварот го постигнал поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, доведувајќи го Херенфен во водство во 27-мата минута.
Боите и амблемот на Херенфен го претставуваат симболот на Фризија, покраината од која доаѓа клубот. Својте домашни натпревари Херенфен ги игра на Стадионот Абе Ленстра кој има капацитет од 26,800 седечки места.
СК Херенфен е основан на 20 јули 1920 година во градот Херенфен, Фризија како Атлета.[1] Тие го промениле своето име двапати, прво во Спартан, а потоа во ВВ Херенфен во 1922 година.[1] Додека Холандија е окупирана од Германија Херенфен освоил три последователни првенства на Северна Холандија, а по завршувањето на Втората светска војна го освоиле истиот наслов шест пати по ред; доминација на клубот делумно се припишува на присуството на Абе Ленстра.[1] Во овој период Ленстра го водел Херенфен до познатата победа над Ајакс во една од најпознатите и најзпомнетите натпревари во историјата на холандскиот фудбал.[2] Херенфен губел со 1-5 на 25 минути до крајот, но фризискиот тим необјасниво го свртел натпреварот и дошол до победа со 6-5.[2]
Најголеми соперници на Херенфен се Камбур од Леуварден и ФК Гронинген од градот Гронинген.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.