ФК Селтик
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Селтик (англиски: Celtic F.C.) е професионален Шкотски фудбалски клуб со седиште во Глазгов кој игра во Шкотската Премиер Лига. Клубот е основан во 1887 година а првиот свој натпревар го одиграл во 1888. Шкотската Премиер Лига Селтик ја има освоено 48 пати, Шкотскиот Куп 37 пати, а Шкотскиот Лига Куп 16 пати. Натпреварите на домашен терен ги игра на својот стадион Селтик Парк чиј капацитет е 60,832 што го прави најголем стадион во Шкотска.
Селтик | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски Клуб Селтик | |||
Прекар | The Bhoys, The Hoops | |||
Основан | 1888 | |||
Стадион | Селтик Парк Глазгов, Шкотска | |||
Капацитет | 60,832 | |||
Претседател | Ијан Банкер | |||
Менаџер | Нил Ленон | |||
Лига | Шкотска Премиер лига | |||
2023–24 | 1. место | |||
| ||||
Со Освојувањето на Лигата на Шампионите во 1967, Селтик станал првиот британски тим[1][2], и единствениот шкотски тим што ја освоил Лигата на Шампионите. Истата година Селтик ги освоил и Шкотската Премиер Лига, Шкотскиот Куп, Шкотскиот лига куп и Купот на градот Глазгов. Во 1970 година Селтик повторно играл во финалето од Лигата на Шампионите но загубил на продолженија 2:1 од холандскиот претставник Фејенорд. Во 2003 Селтик играл во финалето на Уефа купот, каде загубил 3:2 од Порто.[3][4][5]
Најголем соперник на Селтик е неговиот градски сосед Глазгов Ренџерс