From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Луцерн е швајцарски фудбалски клуб од градот Луцерн. Од сезоната 2006-07 се натпреварува во најсилната конкуренција во својата земја, Швајцарската Супер лига.
Целосно име | Фудбал Клуб Луцерн | ||
---|---|---|---|
Основан | 12 август 1901 | ||
Стадион | Свиспорарена Луцерн, Швајцарија (Капацитет: 17,000) | ||
Сопственик | Рудолф Штагер | ||
Тренер | Маркус Бабел | ||
Лига | Швајцарска Супер лига | ||
2023/24 | Швајцарска Супер лига, 7-ти | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Луцерн е основан во 1901 година и досега има една титула во швајцарското првенство и двапати го освоиле Купот на Швајцарија.
Својте домашни натпревари Луцерн ги игра на Свиспорарена, која во 2011 година била изградена на местото на стариот Стадион Алменд. Најголеми соперници му се екипите на Санкт Гален, Сион и Грасхопер.
Официјалното основање на клубот било на 12 август 1901 во ресторанот Сајденхоф. Швајцарската фудбалска асоцијација ги вклучува две години подоцна и во нивната првата сезона играле во трета лига по ранг, поранешната серија Ц.
Најголемиот успех на клубот било освојувањето на Швајцарското првенство во 1989 година. Исто така Луцерн е двократен носител на Купот на Швајцарија во 1960 и 1992 година. Досега настапувале во два европски турнири Купот на победниците на куповите во 1992 године и во Купот на УЕФА во 1997 година.
Луцерн испаднал од Швајцарската Супер лига во 2002 година, но повторно се вратил во 2006 година. Оттогаш најголемиот успех го имале во сезоната 2011-12, кога го освоиле второто место Супер лигата и исто така играле во финалето на Купот на Швајцарија, но и двете натпреварување ги загубиле од екипата на Базел.
(Легенда: Национална Дивизија A (Швајцарска Супер лига) = 1º ниво / Национална Дивизија Б (Челенџ лига) = 2º ниво / 1.Лига Класик = 3º ниво / 2.Лига Интеррегионал = 4º ниво / 2.Лига = 5º ниво / 3.Лига = 6º ниво / 4.Лига = 7º ниво / 5.Лига = 8º ниво)
Во периодот 1934 и 2009 година, Луцерн ги играл своите натпревари на Стадионот Алменд[1] кој имал теоретски капацитет од 25.000 места. Поради безбедносни причини сепак, Швајцарската фудбалска асоцијација не дозволила повеќе од 13.000 гледачи да присуствуваат во последните години од постоењето на овој стадион. Додека новиот стадион да биде завршен, Луцерн привремено ги играл домашните натпревари на Стадионот Герсаг кој се наоѓа во Еменбрик и на кој настапува екипата на Еменбрик.
Во јули 2011 година, клубот се преселил на новоизградената Свиспорарена, кој се наоѓа на местото на стариот терен. Првиот натпревар на Луцерн на новиот стадион завршил нерешено 0-0 против Тун.[2] Официјалното отворање на стадионот било на 3 септември против Хамбургер во натпревар што завршил 2-2.
1988–89.
1959–60, 1991–92.
1996-97, 2004-05, 2006-07, 2011-12.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.