From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Брајтон енд Хоув Албион — англиски фудбалски клуб од Брајтон и Хоув, грофовијата Источен Сасекс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, првото ниво на англискиот фудбал.
Брајтон енд Хоув Албион | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски Клуб Брајтон енд Хоув Албион | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Галеби | |||
Основан | 24 јуни 1901 | |||
Локација | Брајтон и Хоув, Англија | |||
Стадион | Фалмер | |||
Капацитет | 31,800[1] | |||
Претседател | Тони Блум | |||
Менаџер | Греам Потер | |||
Лига | Премиер лига | |||
2023/24 | Премиер лига, 11. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1901 година и првично настапувал во Јужната лига. Во 1920 година, Брајтон станал член на Фудбалската лига на Англија, минувајќи го најголемиот дел од својата историја помеѓу Третата и Втората дивизија. Најуспешниот период на клубот бил помеѓу 1979 и 1983 година, кога се натпреварувале во Првата дивизија (најсилната фудбалска лига на Англија во тоа време) и стигнале до финалето на ФА купот во 1983 година, во кое биле поразени од Манчестер Јунајтед во повторен натпревар.[2] Истата година, клубот испаднал од Првата дивизија. После долго чекање, во сезоната 2016-2017, Брајтон го освоил второто место во Чемпионшип и изборил промоција во Премиер лигата, враќајќи се во најсилното ниво на англискиот фудбал после 34 години отсуство.
Прекарот на клубот е Галеби, додека традиционалните бои се сина и бела. Од 2011 година, својте домашни натпревари ги игра на стадионот Фалмер; претходно од 1902 до 1997 играле на Голдстоун Граунд, потоа две години на Пристфилд, кој го делеле со екипата на Џилингем, а од 1999 до 2011 година играле на Витдин. Најголем ривал им е екипата на Кристал Палас.
Брајтон енд Хоув Албион е основан 1901 година.[3] Деветнаесет години подоцна станува член на Фудбалската лига и учествува во Третата дивизија. Претходно, клубот настапувал во Јужната лига. Во 1910 година, Брајтон го освоил за сега својот единствен национален трофеј, откако во натпреварот од ФА Черити Шилд ја победиле Астон Вила со 1-0.
По влегувањето во англиската фудбалска лига во 1920 година, клубот играл триесет години во Третата дивизија Југ, јужната група на третата дивизија на англискиот фудбал, добивајќи промоција во Втората дивизија за прв пат во 1958 година, благодарение на победата со 5-0 против Вотфорд.[4] Сепак, нивниот престој во втората лига траел само три години, а во 1963 година тимот не можел да го избегне испаѓањето во Четвртата дивизија за првпат. Купувањето на поранешниот англиски репрезентативец Боби Смит[5] помогнало клубот да избори промоција во Третата дивизија како шампион на Четвртата дивизија, а неколку години да се врати и во второто ниво.
Во октомври 1972 година, Мајк Бамбер станал нов претседател на клубот и на таа функција ќе остане до 1983 година. За тоа време клубот го воделе тренери како Брајан Клаф и Алан Малери, а под водството на вториот во 1978 година, ја добива својата прва историска промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал.[3] Брајтон успеал да се задржи таму четири последователни години помеѓу 1979 и 1983 година, освојувајќи го 13-тото место како нивен најдобар резултат во сезоната 1981-1982. Посебно забележителен пласман бил постигнат во 1983 година, годината во која клубот за првпат стигнал до финалето на ФА купот, каде загубиле од Манчестер Јунајтед по преигрување;[6] првиот натпревар завршил 2-2 (головите за Брајтон ги постигнале Гордон Смит и Гари Стивенс), додека во вториот Манчестер Јунајтед бил подобар со убедливи 4-0. Истата година клубот испаднал од Првата дивизија. Во 1987 година, Галебите повторно паднале во Третата дивизија, но престојот таму им траел само една сезона.[7]
Четири години подоцна, во 1991 година, Брајтон бил поразен од Нотс Каунти во плејофот за промоција во последната сезона од старата Прва дивизија, пред доаѓањето на Премиер лигата.[8] Во текот на следната деценија, финансиските проблеми ги принудиле Галебите да играат помеѓу Втората и Третата дивизија. Испаѓајќи во четвртата лига за првпат по 40 години клубот бил принуден да го продаде својот стадион, Голдстоун Граунд, нивен дом уште од 1902 година. Лошото управување на клубот довело до застрашување Брајтон да биде многу блиску до испаѓање од фудбалската лига во Конференција, односно испаѓање од професионален во аматерски фудбал, кое било едвај избегнато во 1997[9] и во 1998 година.
Историскиот дрес на клубот е во сино-бели вертикални риги, усвоен уште од 1905 година.[10] Од 1964 до 1970 година, клубот играл во дрес со целосно сина боја, кој подоцна повторно бил "оживеан" во најславните денови на клубот, во 1980-тите и, неодамна, во сезоната 2020-2021.[11]
Првиот клупски амблем, датирал од 1946 година, и се состоел од градските грбови на Брајтон и Хоув, двете локации претставени од тимот, една до друга.[12] Почнувајќи од 1975 бил воведен нов симбол, прикажувајќи делфин, животно кое потоа станало прекар на клубот. Сепак, новиот симбол бил заменет само две години подоцна, кога како потсмев кон навивачите на Кристал Палас играчите на клубот почнале да се нарекуваат себеси Seagulls (во превод на мак. галеби).[13] Од тој датум, оваа птица се појавува на амблемот на клубот, претставена во малку поедноставена верзија во 2011 година.[14]
За стогодишнината на клубот, прославена во сезоната 2001-2002, бил дизајниран специјален дрес со оригиналниот грб.[15]
|
|
Ниво | Категорија | Учества | Деби | Последна сезона | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1º | Прва дивизија | 4 | 1979-1980 | 1982-1983 | 9 |
Премиер лига | 5 | 2017-2018 | 2021-2022 | ||
2º | Втора дивизија | 15 | 1958-1959 | 1991-1992 | 24 |
Прва дивизија | 1 | 2002-2003 | |||
Чемпионшип | 8 | 2004-2005 | 2016-2017 | ||
3º | Трета дивизија | 44 | 1920-1921 | 1987-1988 | 55 |
Втора дивизија | 6 | 1992-1993 | 2003-2004 | ||
Лига Еден | 5 | 2006-2007 | 2010-2011 | ||
4º | Четврта дивизија | 2 | 1963-1964 | 1964-1965 | 7 |
Трета Дивизија | 5 | 1996-1997 | 2000-2001 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.