From Wikipedia, the free encyclopedia
Влада е тело кое има авторитет да чини и има моќ да спроведува закон над граѓанските, корпорациските, религиските, академските или другите организации и групи. Во поширока смисла, „владеење“ значи да се управува или надгледува ситуацијата во државата, над група луѓе или збир на интереси. Вообичаено, кога ќе се каже „влада“ се мисли на извршните функции во една држава.
Овој серијал е дел од |
Системи
|
Портал „Политика“ |
Владите најчесто се класифицираат според тоа колкав е бројот на луѓето кои ја имаат политичката моќ:
На пример, во текот на 19. век, повеќето самопрогласени „демократски“ влади го ограничувале гласачкото право на малцинските групи. Оттука, овие влади повеќе се олигархиски отколку демократски.
Постојат повеќе теории зошто се јавила потребата за воспоставување на одреден тип на влада. Некои од нив се набројани подолу. Овие теории не си противречат една на друга, така што е можно да има микс помеѓу две или повеќе теории.
Многу политички филозофии кои се противат на потребата од постоење на владите (анархизам, нихилизам, марксизам ...) ги нагласуваат историските корени на владите - владите, заедно со приватната сопственост, се измислени од воинствените авторитети и деспоти кои приграбиле, со сила, одредени делови од територијата и почнале да практикуваат авторитет над луѓето кои живееле на таа територија. Значи, се претпоставува дека владите настанале за насилно наметнување на вољата на појаките над послабите, штитејќи ги привилегиите на владејачките класи. Се претпоставува дека владата се појавува кога сите луѓе на одредено подрачје биле под контрола на авторитетот на една личност или мала група на луѓе.
Различни конзервативни гледишта, ја гледаат владата како позитивна сила која воведува ред во хаосот, воспоставува закони за да ја запре борбата на сите против сите, го охрабрува моралот а го казнува развратот и ја респектира традицијата. Понекогаш, во согласност со овие гледишта, владата се смета како нешто дадено од некоја виша сила, пример правата кои ги има кралот, на кој обичниот човекот има должност да се повинува.
Природните права се основа на теоријата за влада пропагирана од либералите. Во овој случај, човекот е роден со одредени природни права, а владата е воспоставена строго да ги штити овие права. Но што всушност се природните права е предмет на разијдување помеѓу либералите. Во суштина секој правец на либерализам има дефинирано своја список на права за кои смета дека се природни. Честопати овие списоци битно се разликуваат во зависност кој правец на либерализам ги има дефинирано. Како резултат на ова, имаме различни либерални пристапи: Џон Лок, Томас Џеферсон, Имануел Кант, ...
Една од највлијателните теории за влади во последните два века е теоријата за општествен договор, на која се засноваат модерните демократии и повеќето форми на социјализам. Оваа теорија стои на ставот дека владите се создадени од луѓето со цел да обезбедат колективни услови (како искоренување на неписменоста, борба против криминалот, технолошки напредок) кои не можат да бидат задоволени со користење на индивидулани права. Значи владите постојат со цел да им служат на потребите и желбите на луѓето. Владите работат според "општествени договори" (устав и придружни закони) кои мора да бидат прифатени од страна на владата и луѓето (народот). Ако мнозинството е незадоволно, тоа може да го измени социјалниот договор. Ако малцинството е незадоволно, тоа може да го убеди мнозинството да го промени општествениот договор или да ја напушти територијата на која дејствува владата (емигрира) или да се обиде да изврши сецесија. Оваа теорија е заснована на претпоставката дека сите луѓе живеат во свет кој не е идеален. Значи имаме договор помеѓу членовите на организираното опшество. Имаме договор помеѓу владеачите и владеаните кој ги лимитира правата на едните и дефинира должностите на другите. Томас Хобс, Џон Лок и Жан-Жак Русо се најпознати филозофи кои ја пропагираат оваа теорија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.