![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fa/Phrenology1.jpg/640px-Phrenology1.jpg&w=640&q=50)
Ум
From Wikipedia, the free encyclopedia
Умот е сплет од спознавачки капацитети, кој овозможува способност за свест, мислење, размислување, забележување и расудување, кои се карактеристични за човекот, но кои може да се однесуваат и на други живи суштества. Во текот на долг временски период, филозофијата, религијата, психологијата и когнитивната наука се обидувале да развие мислење за тоа што претставува умот и кои се неговите одделни својства. Главните прашања што се однесуваат на природата на умот се неговата поврзаност со мозокот и нервниот систем - прашање кое често се формулира како „проблемот ум-тело“, и подразбира дали умот на некој начин е одделен од физичкото постоење (дуализам и идеализам) изведено и сведено на физички појави како што се невролошките процеси или кога умот се поистоветува со мозокот или со некои негови активности. Другото прашање се однесува на тоа кои видови суштества се способни да имаат ум, на пример дали умот е својствен еднинствено за луѓето, дали го поседуваат некои или сите животни , сите живи суштества или умот може да биде сопственост на некои видови вештачки машини. Без разлика на неговата поврзаност со физичкото тело, општо прифатено е дека умот е она што му овозможува на битието да има субјективна свест и промисленост за неговата околина, да забележува и одговара на стимулации со одреден вид на агенси и да има свест, вклучувајќи мислење и чувствување.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fa/Phrenology1.jpg/320px-Phrenology1.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/35/Descartes_mind_and_body.gif/320px-Descartes_mind_and_body.gif)
Како важни филозофи за умот се вклучуваат: Платон, Декарт, Лајбниц, Кант, Мартин Хајдегер, Џон Сеарл, Даниел Денет и многу други. Опишувањето и дефинирањето се исто така дел од психологијата каде психолозите како Зигмунд Фројд и Вилијам Џејмс развиле влијателни теории за природата на човековиот ум. Во доцниот XX и раниот 21 век, на полето на когнитивната наука се појавија и развија многу различни пристапи кон опишување на умот и неговите сродни појави. Можноста за постоење на ум што не припаѓа на човековиот род исто така се истажува во полето на вештачката интелигенција, која близу соработува со кибернетиката и теоријата на информациите за да се разберат начините на кои машините можат да ги копираат човековите умствени појави.
Концептот „ум“ се подразбира на многу различни начини, во многу различни културни и религиски традиции. Едните го гледаат умот како единстена сопственост на човекот додека другите им препишуваат својства на ум на неживите битија, (на пр. панпсихизам и анимизам), на животните и на боговите. Некои од најраните забележани претпоставки го поврзуваат умот (некогаш опишан како идентичен со душа или дух) со теории во врска со живот после смртта и космолошкиот и природен ред, на пр. во учењата на Заратустра, Буда, Платон, Аристотел, и други антички, грчки, индиски а подоцна и исламски и средновековни европски филозофи.
Многу дебати се водат за тоа кои атрибути го сочинуваат умот. Некои психолози тврдат дека само „повисоките“ интелектуални функции го сочинуваат умот, особено разумот и меморијата. Во тој поглед чувствата љубов, омраза, страв, радост, се повеќе примитивни или субјективни по природа и треба различно да се гледаат од умот како такви. Други тврдат дека различни рационални и емоционални состојби не можат да се разделат, дека тие имаат иста природа и потекло па така сите треба да се сметаат како дел од она што го викаме ум.
Во општонародната употреба умот е често синоним за мисла. Разговорот што го водиме насамо со самите себе, го водиме „во нашата глава“. Така „се одлучуваме“, се „премислуваме“, „се двоумиме“ за нешто. Еден од клучните атрибути на умот во оваа смисла е дека е лична сфера до која никој освен сопственикот нема пристап. Никој друг не може да знае што имаме на ум. Тие можат само да го протолкуваат она комуницирање што го правиме свесно или несвесно.