From Wikipedia, the free encyclopedia
Уго Фосколо (италијански: Ugo Foscolo;[1] 6 февруари 1778 година – 10 септември 1827 година), роден како Николо Фосколо, бил италијански писател, револуционер и поет.[2]
Николо Уго Фосколо | |
---|---|
Портрет од Франсоа-Ксавиер Фабре , 1813 | |
Роден/а | 6 февруари 1778 Закинтос (Занте), Јонски Острови, Венецијанска Република, денес Грција |
Починат/а | 10 септември 1827 49) Турнам Грин, денес Лондон, Англија | (возр.
Почивалиште | Базиликата Санта Кроче во Фиренца |
Псевдоним | Дидимо Киерико |
Занимање | Поет, писател, војник |
Јазик | италијански |
Националност | венецијанско-грчки |
Државјанство | Венецијанскo (1778–1799), италијанско (до 1814), британско (1814–1827) |
Период | 1796–1827 |
Жанр | Лирска поезија, епистоларен роман, литературна критика |
Книжевно движење | Неокласицизам, предромантизам |
Потпис |
Негово најзначајно дело е поемата Гробници од 1807 година.
Фосколо е роден во Закинтос на Јонските острови. Неговиот татко Андреа Фосколо бил осиромашен венецијански благородник, а неговата мајка Дијамантина Спатис била Гркинка.[3][4][5][6][7]
Во 1788 година, по смртта на татко му, кој работел како лекар во Спалато (денешен Сплит), семејството се преселило во Венеција, а Фосколо ги завршил студиите што ги започнал во далматинската гимназија на Универзитетот во Падова.[8]
Фосколо, кој од непознати причини го променил своето име од Николо во Уго, почнал активно да учествува во политичките дискусии кои го предизвикале падот на Венецијанската Република. Тој бил истакнат член на националните комитети и му посветил ода на Наполеон, во очекување дека Наполеон ќе ја собори венецијанската олигархија и ќе создаде слободна република.[8]
Со Договорот од Кампо Формио (17 октомври 1797) Венецијанската Република престанала да постои, и територијата била поделена меѓу Франција и Австрија. Ова предизвикало шок кај Фосколо, но не ги уништило неговите надежи. Своите размислувања под влијание на шокот ги преточил во неговиот роман Последните писма на Јакопо Ортис (1798), кој Енциклопедија Британика во 1911 година го опишува како политизирана верзија на Страдањата на младиот Вертер од Јохан Волфганг фон Гете.[8]
По падот на Венеција, Фосколо се преселил во Милано, каде што се спријателил со поетот Џузепе Парини, за кого подоцна изразил восхит и благодарност.[8] Во Милано, објавил избор од 12 сонети.
Сè уште во надеж дека неговата земја ќе биде ослободена од Наполеон, служел како доброволец во француската армија, учествувал во битката кај Требија, а при опсадата на Џенова бил ранет и заробен. Откако бил ослободен, се вратил во Милано. Таму објави превод и коментар на Калимах, започнал верзија на Илијадата и го започнал преводот на Сентименталното патување низ Франција и Италија од Лоренс Стерн.
Во 1807 година, Фосколо го напишал своето дело Гробници, кое може да се опише како возвишен напор да се побара засолниште во минатото од бедата на сегашноста и темнината на иднината. Mртoвците се повикуваат да станат од нивните гробници и, како во ремек-делата на грчкото ораторство, повторно да се борат во битките за нивната земја.
Во 1813 година Фосколо се вратил во Милано а оттаму заминал за Швајцарија, каде напишал жестока сатира на латински за неговите политички и литературни противници; Кон крајот на 1816 заминал за Англија.[8]
За време на единаесетте години кои Фосколо ги поминал во Лондон, уживал во сета онаа друштвена разлика што највисоките кругови од англиската престолнина можеле да им ја понудат на странците со политичко и книжевно реноме, и ја доживеал бедата која следи од непочитување на oсновните услови на домашната економија.
Починал во Турнем Грин на 10 септември 1827 година и бил погребан во црквата Свети Никола во Чисвик. Четириесет и четири години по неговата смрт, на 7 јуни 1871 г., неговите посмртни останки биле ексхумирани на барање на кралот на Италија и однесени во Фиренца во црквата Санта Кроче, каде што се наоѓа денес - покрај спомениците на Николо Макијавели, Виторио Алфиери, Микеланџело и Галилео.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.