![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/77/Rozeta_Pary%25C5%25BC_notre-dame_chalger.jpg/640px-Rozeta_Pary%25C5%25BC_notre-dame_chalger.jpg&w=640&q=50)
Убавина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Убавината е одлика на некое животно, идеја, објект, личност или место која дава восприемачко искуство на задоволство. Убавината се изучува во естетиката, културата, социјалната психологија, филозофијата и социологијата. "Идеална убавина" се однесува на субјект кој предизвикува восхитување или кој поседува одлики кои широко и се припишуваат на убавината во одредена култура.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/77/Rozeta_Pary%C5%BC_notre-dame_chalger.jpg/640px-Rozeta_Pary%C5%BC_notre-dame_chalger.jpg)
Убавото во главно се дефинира како одлика на едно нешто кое низ сетилно (восприемање) или умствено искуство пробудува чувство на задоволство или чувство на пријатност и допадливост. Во оваа смисла, убавината произлегува од нешта како формата, визуелноста, движењето или звукот. Она што го нарекуваме „убаво“, честопати се однесува на чувството кое се создава кај човекот од страна на предмети кои го имаат квалитетот на „убавината“, која пак се однесува на одликите на еден предмет.
Доживувањето на "убавината" често вклучува и интерпретација на некој субјект како во рамнотежа и во хармонија со природата, што може да доведе до чувство на привлечност и емоционална добросостојба. Бидејќи ова може да биде субјективно искуство, често се вели дека "убавината е во очите на набљудувачот."[1]
Разликата помеѓу она што е убаво и она што не е убаво варира од епоха до епоха и зависи од секоја личност засебно. Со други зборови, постојат различни толкувања на поимот од страна на различни мисловни школи и култури, кои можат видно да се разликуваат од она што вообичено на македонски се нарекува „убаво“.