Турново
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Турново — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Турново | |
Дом на културата во Турново | |
Координати 41°26′17″N 22°46′24″E | |
Општина | Босилово |
Население | 634 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2433 |
Шифра на КО | 27071 |
Надм. вис. | 215 м |
Турново на општинската карта Атарот на Турново во рамките на општината | |
Турново се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово, на 11 километри од градот Струмица. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село. Тука тече реката Турија (според која селото го добила името), која како лева притока се влева во реката Струмица.
Надморската височина во селото е 215 метри, додека селото зафаќа површина од 5,5 км2. Од нив, 468 хектари се обработливо земјиште[2]
Во дамнешно време на тоа место немало населба. Земјиштето во атарот на денешно Турново било покриено со вода, било блато. Со текот на времето водата, преку реките Струмица и Струма истекла во Егејско Море. На одводнетото земјиште подоцна била осована мала селска населба. Прво во неа се населило семејството Катарџиевци, кое според народното предание, дошло од селото Крвичево (сега месност во падините на планината Огражден). Подоцна тука се населиле и други семејства од околните краишта и така била основана населба, која во средновековните пишани извори се спомнува со името Торњево.
За името на селото има три легенди. Првата имато на селото го поврзува со поодамнешното минато, кога атарот на Турново бил исполнет со вода. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата Штука, која уште ја викаат Турна. Рибата Турна селаните ја ловеле со кошеви, а можеле да ја ловат и со рака. Рибарите уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Се претпоставува дека од изобилството на рибата Турна блатото а подоцна и селото било наречено Турново. Другата легенда вели дека на денешната локација на селото имало азмак – разни бодливи растенија, трни. Од месност обрасната со трње, турново, торново, по некаква аналогија било добиено името Турново. Третата легенда името на селото го поврзува со реката Турија, која тече крај селото и се влева во реката Струмица[3].
Селото се споменува во повелбата на Јован Драгаш и Константин Драгаш, датирана од околу 1378 година[4] со името Торњево[5].
Во XIX век Турново било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Турново било село со 70 семејства со 159 Македонци и 60 Турци[6][7]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 280 жители Македонци и 250 Турци[6][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно егзархиско училиште[6][9].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства, а селото било опожарено. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.
По крајот на Втората светска војна, Турново било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
Населението којшто живее во Турново се занимава со земјоделство, а во последните години во подем е сточарството. Според некои анализи во Турново има околу 400 грла крупна стока и 200 овци.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]
Во почетокот на XX век, населението било со мешана етничка структура, односно живееле Македонци и Турци, кои подоцна се иселуваат. Од пописот во 1948 година, до денес селото е во целост населено со Македонци[2].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 941 жител (сите Македонци) и спаѓа во групата на големи и развиени села.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 584 Македонци, 3 останати и 47 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 530 | — | 691 | 788 | 925 | 1.066 | 1.118 | 1.179 | 929 | 941 | 634 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 993 гласачи.[18]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 988 гласачи.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.