Трулски собор
црковен собор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трулски собор или Петто-шести собор (коински грчки: Πενθέκτη Σύνοδος), латински: Concilium Quinisextum) — црковен собор одржан во Цариград во 692 г. за време на царот Јустинијан II. Наречен е „Трулски“, бидејќи, како и Шестиот вселенски собор, се одржал во куполната сала на Големиот дворец наречена Трул (τρούλος). Петтиот и Шестиот вселенски собор не усвоиле дисциплински канони, па затоа овој собор е свикан да ги исправи тие пропусти, и затоа наречен „Петто-шести“. На него присуствувале 215 епископи, претежно од Источното Римско Царство. Македонија била претставена од архиепископот Јован IX како поглавар на Јустинијана Прима.[1] Василиј Гортински од Крит ѝ припаѓал на Римската патријаршија и се претставувал како папски легат, иако нема докази за неговото право на такво полномоштво.
Трулски собор | |
---|---|
Соборот на руска минијатура од XVI век | |
Датум | 692 |
Прифатен од | православие |
Претходен собор | Шести вселенски собор |
Следен собор | Седми вселенски собор |
Свикан од | цар Јустинијан II |
Претседавач | Јустинијан II |
Присутни | 215 |
Теми | дисциплина |
Документи и изјави | основа на православното канонско право |
Времеследен список на собори |