Трскари
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трскарите (науч. Acrocephalidae) се семејство на птици од редот врапчевидните (Passeriformes).
Трскари | |
---|---|
Обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Трскари Salvin, 1882 |
Родови | |
трскар (Acrocephalus) |
Видовите од оваа фамилија се прилично големи за нивната класа. Највеќето имаат маслинеста кафеава боја, а долната страна им е жолта до драп. Се среќаваат на отворени проретчени шуми, тревнати предели и мочуришта и други водести површини со трска. Живеат претежно во јужна до западна Евроазија и околината, некои се присутни дури до Тихиот Океан, а извесни видови ги има и во Африка. Од стручно гледиште, родот има голема потреба од преработка. Или највеќето треба да се префрлат во родот трскар (Acrocephalus), или пак тој треба да се раздели на повеќе родови. Неповолно е тоа што засега нема доволно сознанија за тоа како ова би се извело.
Во Република Македонија фамилијата е застапена со три рода: трскар (Acrocephalus), гушанче (Hippolais) и идуна (Iduna).[1]
Од родот на трскарите, присутни се следниве видови: обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus), мал трскар (Acrocephalus schoenobaenus), тенкоклун трскар (Acrocephalus melanopogon) воден трскар (Acrocephalus paludicola), блатен трскар (Acrocephalus palustris) и трскар рогозар (Acrocephalus scirpaceus).
Гушанчињата се застапени со видовите: маслинар (Hippolais olivetorum) и жолто гушанче (Hippolais icterina). Родот идуна е застапен со видот сиво гушанче (Iduna pallida syn. Hippolais pallida).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.