Три Чешми
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Три Чешми (влашки: Treili Shopati) — населба во Општина Штип[2].
Три Чешми | |
Поглед кон Три Чешми | |
Координати 41°46′26″N 22°08′04″E | |
Општина | Штип |
Население | 947 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2205 |
Шифра на КО | 30062, 30562 |
Три Чешми на општинската карта Атарот на Три Чешми во рамките на општината | |
Три Чешми на Ризницата |
Оваа млада по постанок, но голема населба се наоѓа на територијата на Општина Штип, недалеку во северен правец од градот, на оддалеченост од околу 4 км. и лежи непосредно до регионалниот пат Штип – Велес. Населбата е рамничарска на надморска височина од 320 метри. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На неа обработливо земјиште зазема површина од 646 хектари, на пасиштата отпаѓаат 70 хектари. . Меѓутоа, голем дел од населението работи во фабриките кои се наоѓаат во градот Штип и дејствуваат во дневните миграциони движења на релација приградска населба – град. Во населбата работи деветгодишно училиште, има амбуланта, фабрички погон, услужни објекти (пошта), споменик од НОБ, а снаселбата има и урбанистички план, според кој од неколку куќи населбата се развило во современо населено место.
Место на ова село било населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето „Три Чешми“ на 500 м југоисточно од селото.
Денешната населба датира од 1949/50 година. Во раните години населбата била нарекувана Сто Куќи. На истата територија биле изградени станбени објекти кои биле доделени на жртвите на Македонскито егзодус од 1948. Подоцна со добивање на планови за доизградба населбата била проширена, во сколоп на нејзината изградба овде влегуваат Поштата, Приградската амбуланта, Црквата „Св. Илија“ како и основното училиште под име „Јосип Броз Тито“, подоцна променето во „Борис Кидрич“, но сепак и ова име не останува за долго за на крај подрачното основно училиште да го добие името ПОУ „Гоце Делчев“.
Во склоп на Три Чешми постоел и Земјоделско-индустриски комбинат „Црвена Ѕвезда“ кој запирел со работа веднаш по растурањето на Југославија.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот од 2002 година, селото имало 1.065 жители и претставува голема населба.[3]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 947 жители, од кои 808 Македонци, 88 Власи, 3 Срби, 2 останати и 46лица без податоци.[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
1953 | 443 | — | 3 | — | 191 | 1 | — | 1 | — | 639 |
1961 | 458 | — | — | — | ... | 3 | — | 203 | — | 664 |
1971 | 526 | 8 | 1 | — | — | 12 | — | 56 | — | 602 |
1981 | 624 | — | — | — | 80 | 1 | — | 6 | — | 711 |
1991 | 823 | — | — | — | 127 | 3 | — | 2 | — | 953 |
1994 | 845 | — | — | — | 132 | 5 | — | — | — | 982 |
2002 | 933 | — | — | — | 126 | 5 | — | 1 | — | 1.065 |
2021 | 808 | — | — | — | 88 | 3 | — | 2 | 46 | 947 |
Црквена и слава на населбата е Свети Илија на 2 август
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.